Како влијае бојата на облеката на вашето расположение?

Се она што го носиме, заклучно со боите кажува нешто за нас. Докажано е дека изборот на бои има големо влијание на нашиот карактер или на тоа како се чувствуваме во одреден момент. Погледнете како изборот на бојата на вашата гардероба влијае на вас и на луѓето во вашата околина
Црвена
Доколку сакате да привлечете нечие внимание црвената е ваша боја! Оваа боја ви дава чувство на моќ и привлекува погледи. Црвената боја се поврзува со страста и романсата, поради што е совршена за вашиот следен состанок. Но, бидете внимателни. бидејќи се смета дека оваа боја исто така, го стимулира апетитот и прави да се чувствуваме гладни за јадење брза храна, така што носете ја умерено доколку сакате да се исхранувате здраво.
Портокалова
Портокаловата боја исто така привлекува внимание и енергија, но за разлика од интензивната црвена боја, оваа е поуспокојувачка. И покрај тоа што за некои тенови, оваа боја е тешка за комбинирање, доколку умеете да го направите вистинскиот моден избор, знајте дека портокаловата боја секогаш ќе ви донесе позитивно и енергично расположение.
Жолта
Сончевите нијанси на жолто се совршениот избор за вашиот аутфит, доколку сакате да се разведрите во некој тмурен ден. Секогаш кога се чувствувате нерасположено, жолтата боја ќе ве разведри и ќе ве врати во форма. Оваа боја се поврзува со интелигенцијата и инспирацијата, така што доколку облечете нешто жолто на денот на вашиот последен испит или кога очекувате некаков успех на професионален план, истата може да ви помогне да постигнете подобри резултати.
Зелена
Зелените нијанси се смирувачки и успокојувачки, бидејќи се поврзуваат со убавините на природата. Токму затоа зелената е една од најпопуларните бои во текот на пролетната сезона. Оваа боја исто така освежува и се смета дека го намалува стресот на оние луѓе кои гледаат во неа. Доколку се чувствувате дека сте под стрес, изморени и истоштени, вметнете зелена боја во вашата облека, па можеби тоа ќе ви помогне да се релаксирате.
Сина
Сината е боја којашто може да биде смирувачка и спокојна, но и студена, надмена и резервирана. Доколку се чувствувате под стрес, сината боја може да ви помогне да се релаксирате. Доколку сте тажни пак, треба да ја избегнувате бидејќи се смета дека сината боја може потсвесно да направи да се чувствувате тажно. Сината боја може да ја разбуди вашата креативност, така што доколку сакате да креирате нешто генијално за вашиот креативен проект, носењето сино можеби ќе ви помогне во канализирањето на добрите идеи.
Виолетова
Виолетовата боја се смета дека е кралска боја и се асоцира со креативноста и луксузот. Исто како и црвената, така и виолетовата боја е многу стимулирачка и како таква може да го покрене вашето енергетско ниво во моментот кога ќе погледнете во неа. Исто така, виолетовата боја понекогаш се поврзува со спиритуалноста и интуитивноста, па ако имате проблем да донесете некоја важна одлука, обојте ги вашите нокти во бојата на лаванда.
Розова
Сите знаеме дека розовата е најженската боја и најомилена кај претставничките на овој пол, но таа исто така се поврзува и со романсата и среќата. Розовата е многу смирувачка боја, така што не носете ја доколку ви е потребен еден тон енергија. Поради нејзината поврзаност со романтиката, оваа боја е одлична за љубовни состаноци. Исто така, можете да ја носите секогаш кога се чувствувате малку депримирано. Но, се разбира, доколку лично ја мразите оваа боја, таа нема да го има овој ефект врз вас.
Бела
Белата боја се поврзува со спокој, невиност, едноставност и чистота. Носете бело секогаш кога сакате да ги истакнете другите бои, бидејќи оваа боја ќе ги оживее сите останати работи што ги носите на вас.
Црна
Доколку сакате да побарате унапредување или треба да појдете на интервју за работа, пожелно е да носите црно, бидејќи оваа боја означува моќ, сериозност, авторитет и одговорност – сите квалитети кои ги бара вашиот шеф од вас. Надвор од канцеларијата, црната е боја боја на елеганцијата и гламурот.
извор:lady.mkСе она што го носиме, заклучно со боите кажува нешто за нас. Докажано е дека изборот на бои има големо влијание на наш

Пронајдете не на следниве мрежи: