Како за една година да изгубите 25 милијарди долари?!

Неодамнешниот најбогат седми човек во светот, Еике Батиста, изгуби 25 милијарди долари за само една година. На почетокот на 2012 година неговото богатство беше проценето на 30 милијарди долари.
Веќе денес, за само една година подоцна, Батиста е тежок 9 милијарди, така што тој излезе од листата на 100 најбогати луѓе во светот на Блумберг, а во својата земја е дури четвртиот најбогат човек.
Сонот на Бразилецот да стане и најбогатиот човек на светот стана неостварлив. Визијата на Батиста која до пред една година можеше да биде остварена – интегрираната империја на компании, транспортот на нафта и руда во Кина и тоа од пристаништето кое го изгради во близина на Рио де Жанеиро, се распрсна.
Пристаништето кое требаше да биде третото по големина во светот, денес се уште е во изградба и е само еден дел од многубројните проекти кои не ја исполнија производната цел и кои не се довршени.
Падот на цената на нафтата од 34 проценти во 2008 година и лошата проценка на експлоатациските можности за нови извори го чинеше Батиста околу 25 милијарди долари.
Всушност, Батиста предвиде дека неговата нафтена компанија „OGX“ ќе извлекува 50,000 барели нафта дневно до крајот на 2012, напредувајќи до 730,000 барели нафта дневно до 2015 година, но се покажа дека изворите на нафта биле посиромашни од надевањата и компанијата сега произведува помалку од 17,000 барели нафта дневно.
Пазарот реагираше и тоа со најголем пад на вредноста на акциите на берзата во Сао Паоло – вредноста на акциите на „OGX“ беше преполовена и за само два дена беа загубени 7,9 милијарди долари.Неодамнешниот најбогат седми човек во светот, Еике Батиста, изгуби 25 милијарди долари за само една година. На почеток

Пронајдете не на следниве мрежи: