KAM e единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојано ниски цени. Co препознатлива мрежа од 61 маркет постојано се блиску до купувачите.Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од кандидати за следнава позиција:
СПРЕМАЧИ/РАБОТНИЦИ ЗА ПРИЕМ НА СТОКА
Ваши задачи:
-Познавање на артиклите во магацинот и нивната локација согласно планот на нареденост на магацинот;
Внесување на стоката од приемната рампа до одреденото место во магацин;
-Водење грижа за стоката во магацин, при што материјално и финансиски одговара за истата;
-Пратење на роковите на употреба на стоката и правилото ФИФО (прво влегува –прво излегува);
-Подготовка на стока по нарачка од маркет по однапред утврден план за спремање;
-Познавање на правилата за редење на стоката на палета односно неизлегување на истата од димензиите на палетата, почнување на редење на палетата од потешки кон полесни артикли, раздвојување на прехрана од хемија: Познавање на планот за сместување на спремни палети по рампите, како и познавање на шифрите на производите и нивно точно применување при прием;
-Стречирање на спремната палета;
-Водење грижа за минимално кало и растур те оштетување на стоката и грижење на стоката секогаш да е подредена на соодветното место во магацинот;
-Грижа за хигиената во магацин и приемната рампа, отстранување на картони и најлони и негово метење;
-Евидентирање на бројот на спремени пакети, артикли и палети на дневно ниво во дневниот план за спремање кој го дава Раководител/Зам. Раководител на магацин.
*Дознајте повеќе на овој ЛИНК
*Доколку сте заинтересирани за разгледување на други отворени работни позиции, посетете го сајтот Вработување.мк на кој се истакнати бројни активни огласиПоради понатамошен развој, Компанијата има потреба од кандидати за следнава позиција:
СПРЕМАЧИ/РАБОТНИЦИ ЗА ПРИЕМ НА СТОКА