Капучино топчиња!

Едноставно и вкусно…Состојки:
250гр мелени бисквити
200гр чоколадо за готвење
100гр шеќер во прав
1 кесичка капучино
150гр путер
2 лажици млеко
Фил:
2 варени жолчки
70гр путер
100гр шеќер во прав
1 ванила
Подготовка:
Измешајте ги мелените бисквити и шеќерот, стопете го путерот со  две лажици млеко, па додадете го капучиното. Измешајте добро со бисквитите и шеќерот. За филот варете ги јајцата 4-5 минути од моментот кога водата ќе проврие, тргнете од оган и оставете ги јајцата во истата вода уште 15 минути. Така жолчките ќе бидат жолти без зелен круг.
Путерот, испасираните оладени  жолчки, шеќерот, ванила шеќерот изматете ги со миксер. Од жолтата смеса направете мали топчињa. Малите топчиња прекријте ги со темната смеса, обликувајте топче со рацете и потоа извалкајте ги во кокос, мелени ореви или чоколадни трошки по избор. Пријатно.Состојки:
250гр мелени бисквити
200гр чоколадо за готвење
100гр шеќер во прав
1 кесичка капучино

Пронајдете не на следниве мрежи: