Каратистите на Металург на прием кај градоначалникот

Градоначалникот Тони Трајковски ги прими членовите на карате клубот Металург, кои на 3 и 4 јуни учествуваа на Европското првенство за региони во Приштина и им честиташе за големиот спортски успех.Имено, каратистите Мартин Несторовски, Азис Исмаил, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Емир Ќосовиќ, Семир Ќосовиќ и Давид Петков, со тренерот Мирче Јанушевски, го освоија првото место на ова големо натпреварување во категорија борби, каде учествуваа околу 20 земји.
Овој успех е уште поголем, бидејќи за да се освои пехар во екипно натпреварување, потребно е сите натпреварувачи да бидат одлично подготвени и мотивирани, а тоа се должи на нивните напорни вежби и дисциплината. Голема заслуга има и упорноста и искуството на тренерот Мирче Јанушевски, кој го прнесува своето знаење на помладата генерација.
Успехот на карате клубот Металург е и успех на општина Гази Баба и на Република Македонија, а поддршката која општината ја дава на овој клуб ке продолжи и понатаму, рече на средбата градоначалникот Трајковски.   Имено, каратистите Мартин Несторовски, Азис Исмаил, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Емир Ќосовиќ, Семир Ќосовиќ и Давид Петков, со тренерот Ми

Пронајдете не на следниве мрежи: