Карлос Гарсија, интернационална ѕвезда, шампион во слеклајн, специјален гостин на Health, Fitness & Wellness Expo!

Од  23ти до 25ти Септември во Хотел Александар Палас ќе се одржи најголемиот до сега интерактивен настан за здрав животен стил – Health, Fitness & Wellness Expo!Како специјален гостин на второто издание на Health, Fitness & Wellness Expo е интренационалната ѕвезда, зависникот од адреналин, шампионот во слеклајн– slackline, Карлос Гарсија.
Тој е трикратен шампион на Шпанија во одење на еластична лента, финалист на шампионатот во Франција, и меѓу топ десет во светот.
„Пред четири години на еден музички фестивал во Шпанија, видов како едни момци одеа и правеа акробации на  еластична лента. Си реков и јас сакам, и се обидов. Не очекувам ни дека ќе можам да застанам, но не само што застанав, туку и одлично ми одеше, па така започнав и јас да вежбам. Ова е мошне нов спорт, но за кратко време стана моја голема страст, мој стил на живот и професија. Денес сум професионалец за слеклајн. Вежбам напорно, пет дена во неделата, по четири часа. – вели Карлос Гарсија
Слеклајнинг е одење или балансирање по еластична лента, дисциплина слична на одењето по јаже или по жица. Разликата меѓу овие дисциплини е во флексибилноста на еластичната лента, во споредба со јаже или жица, а при отскокнување лентата станува брановидна.
Деновиве Карлос Гарсија ги покажа своите вештини и пред скопјани, на повеќе локации, како Градски парк, Матка, Водно.. 
Health, Fitness & Wellness Expo  е настан кој ќе понуди тридневна, целодневна програма со забавни и едукативни натпревари, предизвици, демонстрации, дегустации и отворени тренинзи, на два интерактивни подиума. Секој изложувач ќе има свој интерактивен простор кој ќе може да го посетите и да се информирате, да учествувате во демо тренинзи и третмани, дегустации, натпревари, предизвици, но и да освоите бројни попусти, купони, ваучери!
Не го пропуштајте големото отворање на 23.09.2016 од 17:30 часот во Хотел Александар Палас, единствена можност во живо да се дружите со Карлос Мерајо Гарсија и да пробате Slackline!Како специјален гостин на второто издание на Health, Fitness & Wellness Expo е интренационалната ѕвезда, зависникот од адреналин, шампионот во

Пронајдете не на следниве мрежи: