Карпош со нов сертификат за прехранбен дизајн

Општина Карпош и оваа година преку својот претставник м-р Ирена Калајџиева Милевска беше активен учесник и член на организацискиот одбор на првиот Конгрес на Црноморската асоцијација за храна, наука и технологија B-FoST 2016, кој се одржа од 22 –ри до 24-ти септември во Охрид.На овој настан од научен карактер, учествуваа 200 научници, професори, експерти и истражувачи од 19 земји од регионот и пошироко. Свој придонес преку одбрана на научни и стручни трудови од областа на технологијата, прехранбената индустрија и здравството дадоа стручни лица од: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Албанија, Словенија, Турција, Романија, Кина, Тајван, Белгија, Холандија, Германија, Украина, Молдавија, Грузија, Италија, Франција.
Во рамките на B-FoST 2016 пред почетокот на Конгресот, на учесниците кои сакаа да ги прошират своите знаења и да се стекнат со меѓународно признати сертификати, од 20-22- ри септември им беше овозможен тренинг за меѓународни аудитори за хигиенско инженерство и дизајн. Тренингот е унифициран за сите земји во светот и го водеа тројца акредитирани тренери од Русија, Белгија и Холандија. Предавањата се одвиваа преку презентации, а секој кандидат за аудитор презентациите ги следеше преку однапред подготвена стручна литература. Тестовите беа прегледани на две нивоа, лично од супервисорот Hein Timmerman од Белгија како и во Франкфурт, а конечните резултати беа соопштени од седиштето на EHEDG, од каде беа испратени и сертификатите за кандидатите кои го положиле тестот.
Овластеното лице за контрола и безбедност на храна во градинките и училиштата во Општина Карпош успешно го положи тестот и со тоа се стекна со меѓународен аудитор за хигиенско инженерство и дизајн во прехранбената индустрија. На Конгресот, главен акцент беше ставен на усогласување на законските регулативи, сé со цел да се унифицира кодексот на квалитет и безбедност на храната, но и на хигиенското инженерство и дизајн како клучна алка во контролата на храната и добивање на квалитетен прехранбен производ.
Најзначајни теми за кои се дискутираше беа: состојки, адитиви и структура на храната, примарно производство и преработка на храна, хигиенско инженерство и дизајн, загадувачи во синџирот на производство, прехранбена биотехнологија и ГМО, менаџирање и справување во кризни ситуации во кујни кои опслужуваат деца од претшколска возраст и други теми поврзани со примарното здравство, но и со стоматологијата.
Во рамки на Конгресот се одржа брокерски настан, со цел да се создадат нови конзорциуми и партнерства, соработки на сите нивоа и со тоа се создава и шири веќе постоечката мрежа на научни кругови кои ќе ги насочуваат своите колеги во искористување и аплицирање на веќе постоечките HORIZON 2020, Leonardo da Vinci и други ЕУ финансиски програми.
Овој Конгрес е организиран во соработка со:
– EHEDG (European Hygienic Engineering and Design Group) – Европско Тело за хигиенски инженеринг и дизајн.
– GHI ( Global Harmonization Initiative) – Иницијатива за глобална хармонизација.
– EFFoST (European Federation of Food Science and Technology) – Европска федерација за прегранбена наука и технологија.
– EuCheMS (European Association for Chemical and Molecular Science) – Европска асоцијација за хемиски и молекуларни науки).
Учеството на Општина Карпош на овие конгреси значи афирмација на локалната самоуправа во светски рамки, особено затоа што е членка на двете најпрестижни Организации од областа на прехранбената индустрија и здравството – EHEDG и GHI. Проширување на нови знаења, партнерства и соработка, како и насочување кон аплицирање на ЕУ фондови.На овој настан од научен карактер, учествуваа 200 научници, професори, експерти и истражувачи од 19 земји од регионот и пошироко. Свој придонес пре

Пронајдете не на следниве мрежи: