Каталонските сепаристички лидери се соочуваат со обвинение за бунт

Шпанскиот јавен обвинител Хосе Мануел Маза изјави денеска дека разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, како и други регионални лидери ќе бидат правно гонети за бунт, по илегалното прогласување независност од Шпанија.Маза изјави дека ја запрел наредбата Пуџдемон веднаш да биде уапсен и наместо тоа побарал во следните денови тој да се појави во Судот во Мадрид.
Каталонскиот парламент во петокот прогласи независност од Шпанија, по што Мадрид ја укина автономијата на овој регион и ја презеде власта. Воедно најави дека предвремени парламентарни избори во Каталонија ќе се одржат на 12 декември.Маза изјави дека ја запрел наредбата Пуџдемон веднаш да биде уапсен и наместо тоа побарал во следните денови тој да се појави во Судот во Мадрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: