Катастрофа: Река поцрвене во Русија

Реката Молчанка на западот од Сибир изминативе денови станала црвена, па се стравува дека нејзината загаденост може да ја загрози питката вода во локалниот град како и здравјето на локалното население.Резултатите од испитување на црвената река, се уште не се објавени, а руските медиуми овој настан го опишаа како катастрофа од библиски размери.
Загрижен локален жител за „Siberian Times“ изразува сомнеж дека во реката се фрлени хемикалии.
-Ова може да биде многу сериозно. Реката поцрвене пред една недела и од тогаш не менува ниту нијанса, ниту интензитет, ни боја, вели Марија Парашченко.
Властите велат дека не знаат за што станува збор и прв пат се соочуваат со ваква ситуација, а за натамошна реакција ги чекаат резултатите од испитувањата.
 
Резултатите од испитување на црвената река, се уште не се објавени, а руските медиуми овој настан го опишаа како катастрофа од библиски размери.

Пронајдете не на следниве мрежи: