Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор

Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор. Како и што се очекуваше, обвинителката како превентивна мерка ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот и итно пуштање од истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.
 Вечер.мк 25 декември 2015 
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор. Како и што се очекуваше, обвинителката како превентивна мерка ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот и итно пуштање од притвор. Ова е срамно однесување на јавната обвинителка и, секако, е голем скандал при нејзиното работење. Верушевски е првообвинет во случајот “Пуч“ и во притвор до судењето беше сместен поради цврстите докази за шпионажа.- Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно, од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа за поминување на државна граница, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.Притворот на Верушевски, кој е осомничен за тешко кривично дело, завршува денеска и се очекува тој да биде на слобода.Со ова Јанева докажа дека е параван на Заев додека тој го крши и законот и Договорот од Пржино бидејќи иако вети и за тоа е должен, тој не ги предава материјалите до СЈО измислувајќи целосно неточни причини. Со ослободувањето на Верушевски од притвор, Јанева само ги потврдува информациите кои кружеа во медиумите дека со лидерот на опозицијата можеби имаат договор за непредавање на 600.000 разговори кои нелегално ги поседува.
15.06.2007ПРВА ПРЕСУДА ЗА „ГОЛЕМОТО УВО“, НОВИНАРИТЕ ГО ДОБИЈА ПРОЦЕСОТ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТОДоказите за прислушувањето испливаа на виделина дури на последниот претрес пред донесувањето на пресудата: Бранко Црвенковски за време на обелоденувањето на аферата во 2001 годинаСедумнаесет новинари што ја тужеа државата и „Телеком“ ќе добијат отштета од по 6 илјади евраПо седум години талкање низ лавиринтите на македонското правосудство и промена дури на четворица судии, вчера падна првата пресуда во мегааферата „Големото уво“ што ја тресеше земјава непосредно пред воениот конфликт во 2001 година. Седумнаесет новинари од повеќе македонски медиуми, со одлука на Основниот суд Скопје 2 , ќе добијат поединечно обесштетување од по шест илјади евра за претрпена траума од прислушувањето на нивните телефонски разговори. Речиси сите новинари се звучни имиња од „Дневник“, Канал 5, А1 ТВ, „Фокус“, Радио Слободна Европа, Сител, „Утрински весник“ и други.Оваа бомбастична вест ги изненади многумина, бидејќи е прва пресуда против државата за прислушување на телефонски разговори и претставува преседан во односот на државата кон човековите права кој досега беше на многу ниско ниво. Во оваа афера беа вплеткани многу актери од државниот и од политичкиот врв, но нејзиното целосно расчистување и до ден денес не е можно. Круцијалниот доказ за прислушувањето е обезбеден практично на последниот претрес пред донесувањето на пресудата, но поради неговиот карактер тој се смета за државна тајна. Тоа само по себе говори за размерот на аферата чија вистинска конструкција и денес останува енигма.Обесштетувањето треба да го платат солидарно државата, односно Министерството за внатрешни работи и „Македонски телекомуникации“ за кои судот низ доказната постапка утврди дека поседувале опрема за прислушување. Новинарите и нивниот адвокат Димитар Дангов не се задоволни од пресудата и најавуваат жалба до Апелациониот суд. Новинарот Христо Ивановски од „Дневник“, кој е еден од прислушуваните, изјави дека станува збор за многу комплексен и сложен судски процес во Македонија кој заврши со пресуда со која Судот призна дека тужителите се во право и дека новинарите биле жртви на прислушувањето. „Овој случај треба да биде пример во иднина дека нелегалното прислушување ќе биде казнувано“, вели Ивановски. За висината на отштетата тој смета дека е прениска со оглед на душевната болка што ја претрпел и сите проблеми што му произлегле подоцна при извршувањето на професионалните обврски поради нарушеното лично и професионално достоинство и интегритет. Во првата пресуда за аферата „Големото уво“, судот нареди да им бидат исплатени речиси 100.000 евра на новинарите кои ја тужеа државата. Кривичниот суд делумно ја уважи тужбата за отштетно побарување во врска со прислушувањето поднесена од 17 новинари. Судот ги задолжи Министерството за внатрешни работи и „Македонски телекомуникации“ да им исплатат солидарно по 350.000 денари на секој од тужителите.Новинарите, незадоволни од висината на отштетното побарување, најавија жалба. „Судот треба да размисли дали му е правична ’вагата’“, резигнирно вели новинарката Дијана Младеновска од „Шпиц“, која е еден од 17 тужители. „Ако претседателот Црвенковски и Хари Костов во експресна судска постапка зедоа по 25 илјади евра за новинарски текст, како може ние да се задоволиме со оваа сума како обесштетување за докажано прислушување, при што стенограмите од нашите разговори се вртеа во сите медиуми“, додава Младеновска. Од друга страна, вели таа, казните за новинарите поради нивната работа се во износи што се трипати поголеми од овој што го добивме како надомест на штета за претрпена траума од прислушувањето.
Во судскиот процес е утврдено дека опрема за прислушување поседуваат МВР и „Телеком“ и оти прислушувањето е извршено и се нанесени последици врз новинарите, што исто така е преседан, бидејќи е докажано прислушувањето.
Адвокатот на новинарите Димитар Дангов вчера му честиташе на судот што конечно го завршил предметот. „Новинарите веќе ми дадоа налог да поднесам жалба против доделениот износ и исходот ќе биде познат по одлуката на Апелациониот суд“, вели тој.
Паралелно со вчерашната пресуда во Судот за човекови права во Стразбур се води постапка против држава поради неразумно долгиот тек на судскиот процес.
Аферата „Големото уво“ избувна во почетокот на 2001 година, кога тогашниот опозициски лидер Бранко Црвенковски обелодени стенограми на телефонски разговори на прислушувани политичари, новинари и дипломати. Техничкото вештачење покажа дека МВР и „Македонските телекомуникации“ имале опрема за прислушување. Скопското обвинителство во 2003 година ги обвини поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, и тогашниот началник на Управата за оперативна техника во МВР, Александар Цветков, дека се нарачатели на прислушувањето. Веднаш потоа тогашниот претседател Борис Трајковски ги амнестира, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Независно од вчерашната пресуда, случајот „Големо уво“ останува да биде предмет на шпекулации и нагаѓања. Аферата во 2001 година беше покриена со воениот конфликт, но многу прашања останаа отворени.
Овој мегаскандал е прекриен со ѕид на молчење, а за него неволно зборува и претседателот Црвенковски, кој со изнесувањето на доказите на виделина се стави во центарот на аферата во 2001 година. Покрај седумнесеттемина новинари што го иницираа судскиот процес, сите други како да сакаат да го заборават случајот со прислушувањето. (У.В.)
Пресуда со предисторија 15.06.2007Зад пресудата се крие политичка и правна историја. Имено, главно осомничените за тоа дека во МВР се прислушувале стотина политичари, бизнисмени, новинари и амбасадори, беа амнестирани. Доста Димовска и Александар Цветков, високи полициски функционер и министер, најдоа заштита од екс-претседателот на Македонија, Борис Трајковски.Аферата “Големо уво“ не случајно беше обелоденета во јануари 2000 година. Тоа беше мотив и за првото ракување на Црвенковски и Трајковски, зашто дотогаш екс-претседателот беше третиран како “граѓанинот Борис“. Една година потоа следуваше воениот конфликт и повторно проработеа тајните и недозволени снимања. Овој специјален метод на полициска истрага сега е допуштен по уставните промени, но само со налог од истражен судија и ако се во прашање сомневања за дела од сферата на организираниот криминал. Во политичко-парламентарните кругови неодамна се тврдеше дека партиите се прислушувани, но и прислушуваат илегално. Таа информација што пред 6 месеци ја соопшти Тито Петковски, лидер на владеачката НСДП, сеуште е без епилог. Ниту тој достави прецизни информации кој одново прислушува, ни парламентот отвори посериозна дебата за таа афера.
 Вечер.мк 25 декември 2015 

Пронајдете не на следниве мрежи: