ЌЕ ГО ИСПРАЗНИТЕ ЦЕЛО ТАВЧЕ: Сочна пита од палачинки!

Сочна пита од палачинки!Состојки:
600 гр брашно
100 гр пченкарно брашно
¼ лажичка зачин кукурума
2-3 лажички сол
2 лажички шеќер
100 мл масло – шолја за кафе околу 80 – 100 мл
околу 6 шолји вода – можеби уште малку, сами одредете дали ви е добра густината (шолја од 250мл)
Масло за премачкување на тавата за палачинки
200-300 мл кисела павлака за премачкување на палачинките
200 гр сирење
Масло за попрскување на готови пити пред печење
Начин на подготовка:

 
Правиме смеса за палачинки од наведените состојки
Пред секое ставање од смесата во загреано тавче, истото го премачкуваме со намастена салфетка. Така ги печеме сите палачинки.
Почнуваме со формирање на питата. Најпрво од внатрешната страна на палачинките мачкаме со кисела павлака и редиме сирење. Ги виткаме во долга ролна а потоа ги ставаме во тавата во вид на полжав.
Полжавот од палачинки го почнуваме од средината на намрсената тава и редиме се додека не ја исполниме цела тава, околу 28 палачинки.
Готовата пита ја попрскуваме со масло и ставаме во рерна да се запече.
Послужување:
Послужете ја со кисело млеко, јогурт или павлака, а фил можете да ставите по ваш вкус или тоа што го имате дома. Состојки:
600 гр брашно
100 гр пченкарно брашно
¼ лажичка зачин кукурума
2-3 лажички сол

Пронајдете не на следниве мрежи: