Ќе го реализира ли САД украинското сценарио во Македонија

Република Македонија падна како жртва во последниот обид на САД за промена на власта и дестабилизација на земјата, откако „опозициските демонстранти“ почнаа да протестираат во главниот град во средата навечер, дури и демолирајќи и ограбувајќи една од канцелариите на Претседателот на државата. Додека тензиите од хибридната војна се зголемуваат веќе некое време, искрата која им даде повод за акција е потегот на Претседателот Иванов за ненадејна одлука за амнестија на сите политичари под истрага кои се дел од „скандалот со прислушување“, за кој Македонскиот лидер изјави дека тоа е неопходен чекор со цел земјата да продолжи да се движи напред и да излезе од политичкото мочуриште. Елементите на Обоената Револуција во земјата експлодираа во наплив на бес по објавувањето на одлуката, бесни дека нивниот обид да го искористат новоформираното по примерот на Мек Арти „СЈО“ како анти-владино тело за лов на вештерки кое катастрофално пропадна.Непријателот одвнатреКако одговор на ненадејното уништување на плановите за „уставен пуч“, САД издаде наредба до своите поданици од НВО-ата на Сорос и неговите мрежи на невладини, но и на „опозицијата“ да ја зголемат тензијата и да иницираат со спроведување на прогресивните фази од вториот претходно планирано сценарио за притисок преку Хибридната војна, ставајќи ги тркалата на Обоената Револуција во погон како претходница на тоа што се очекува да биде целосна кампања на Неконвенционална Војна. Непопуларен спектрум на анти-владини „активисти“ – вклучително и „Либерал-Демократи“, Марксисти и Еурофили (суштинси едно па исто) – се слеаа во Скопје во излуден обид да го претворат во „Балкански Киев“, но уште еднаш, професионализмот на безбедносните сили и патриотизмот на популацијата играа голема улога во одбегнување на ескалација на урбаните судири и превенирајќи да излезат од контрола. Заканата сеуште останува и намерите на САД да ја турнат легално избраната влада е сега потполно отворена и без сомнение кај сите објективни набљудувачи, но хулиганите досега беа неуспешни во нивниот план да ги експлоатираат нивните насилни серии на провокации и да предизвикаат отварање на можност да се „населат“ во центарот на градот.
Земајќи еден цел ден за да ја проценат состојбата по настаните на 13-ти Април, може да се забележи ретроспективно, неофицијална декларација на вториот обид за агресија преку Хибридна војна против Македонија, како се турка пред оригиналниот датум на кој Претседателот Иванов на изненадување ја најави амнестијата, но сеуште со доволно време до предвремените избори на 5-ти јуни за да ги дестабилизираат. Вашингтон ги собра политичките непријатели на земјата надвор на улиците на Скопје во предавнички акт на анти-владини протести со цел да го заплаши остатокот од земјата и да собере повеќе поддршка за движењето кај најрадикалните елементи во општеството. Краткиот период на протестите служеше и како сигнал за Вахабистичките/Иридентистички Албански структури кои се под влијание од САД и Тирана (за некои од нив и директни работодавци) да се подготват за лансирање на следната фаза од Хибридната војна. Ова најверојатно ќе значи сценирање на напад во стилот на Кумановскиот што ќе ги активира Западните мејнстрим медиуми дека Македонската криза е Хантингтонски „Судир на цивилизациите“ помеѓу Албанците муслимани и Македонците православни, што во секој случај ќе ја комплицира политичката ситуација внесувајќи силни сенки на конфликт на идентитетите.
Лоши Соседи
И покрај критичната политичка важност за стабилноста на целиот Балкански регион, Република Македонија не може да се потпре на поддршката од своите соседи во надминување на дестабилизацијата, но ако никој, сите освен Србија имаат насилни намери против Македонија. Пред да продолжам, неопходно е да образложам малку за проектираната реакција на сето ова од страна на Србија, бидејќи е првата земја која ќе биде следна дестабилизрана ако Македонија е фрлена во хаос, и ако најмалку еден милион мигранти ја искористат оваа ситуација со цел да ги поплават границите. Во исто време, Србија не е во позиција конструктивно да асистира на својот јужен сосед, и ако тоа го стори, може да биде сигурна дека таков потег инстантно и намерно ќе биде погрешно презентирано од Западот и двете домашни „опозициони“ движења кои ќе влезат во анти-владини протести. Соочувајќи се со оваа реалност, и многу поголемиот субјективен приоритет кој Србија го става на својата домашна стабилност и онаа на Република Српска (која е потресувана од институционални напади од Сараево), Белград најверојатно ќе ја намали поддршката за Скопје на ниво на дипломатско-информационо ниво.
ГрцијаЗа да одговорам на злобните намери на останатите соседи на Македонија кои веруваат дека имаат корист доколку земјата се дестабилизира и крајно растури, неопходно е најпрво да зборувам за Грција, која ги зголеми билатералните тензии откако неодамна неколкупати дозволи организирана инвазија на мигранти организирани од НВО. Бавното решавање на спорот со името е она за што треба да се обвинат Грчките власти и нивните намери да се пороби северниот сосед, верувајќи дека ако масовниот притисок предизвикан од овој бран од луѓе ќе помогне во соборувањето на властите во Македонија и инсталирање на про-САД марионетата Зоран Заев, дека новата „влада“ би можела да направи компромис за Уставното име на Македонија и на тој начин да ги задоволи страстите на Атина. Со цел да се оствари оваа мисија која е опсесија повеќе од две декади, некои Грчи авторитети ги утилизираат, ги користат десетиците илијадници мигранти како разбивачи туркајќи го планот на САД за промена на власта и во процесот постигнувајќи ги своите зацртани цели.

 
БугаријаОстанатите два соседи кои се заинтересирани во падот на Македонските власти се Албанија и Бугарија, секоја од нив со „Повозвишени“/Иридентистички аспирации кои ги промовира. Речиси пред една години за време на најголемиот обид за Хибридна војна во земјата, напишав дека овие две земји имаат корист да ги експлоатираат, искористат Македонските тензии и проблеми во обид да ја растргнат и геополитички, територијално да ја поделат помеѓу себе, дали формално или де-факто преку сфери на влијание. Следниот ден, Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека неговите Албански и Бугарски колеги веќе ја туркаат оваа катастрофална идеја, а набрзо потоа меѓудржавните тензии се кренаа на ниво Бугарија да го користи изговорот за „анти-териористички односно анти-мигрантски“ гранични контроли и сили кои се зголемија неколкукратно на границата со Македонија, кои пак не служат за ништо друго освен како инструмент за заплашување како што предивдов и претходно. Сепак, и покрај тоа што се повлекоа од формалните обиди да ја исфрлат од баланс државата и стратешки да го одвратат вниманието на Македонските власти, националистичките елементи во бугарија останаа посветени да докажат дека ваквите одлуки на бугарските власти се деградирачки и дека Македонија е само продолжеток на нивната земја во протекторат, кој треба да биде ре-анексиран, затоа не може да се отфрли можноста за сличен притисок како оној од минатата година. Позитивните извештаи за македонската „опозиција“ и сите албански екстремистички елементи кои се очекуваат да се приклучат исто така ќе бидат во функција да ги промовираат сличните „помеки“ начини на промовирање на крајната цел на Софија.
АлбанијаОва ја наведува анализата на испитување на Албанската улога во целата оваа интрига, во која Албанија е најнегативниот од сите. Во моменти на мигрантски бранови, и кревки домашни состојби, елитата во Тирана е желна да го одврати вниманието и анимозитетот на домашната јавност кон властите во Албанија со промовирање на идејата за „Голема Албанија“. Минатата година терористите од Куманово беа идентификувани дека дошле од окупираната територија на Србија од страна на НАТО, Косово, и овој пат се верува дека било кој екстремено политички бунтовник ќе ја има целосната поддршка од албанскиот естаблишмент. Кога станува збор за потенцијалот на Вахабистички терористи и ќелии на ИСИС да даваат поддршка во вакви конфликти во иднина, Тирана најверојатно ќе игра позадинска игра на сето тоа, дозволувајќи нивниот Турски сојузник да ја преземе лидерската позиција во справувањето со ваквите терористички операции, исто како што има воено искуство од последната декада во тренирањето на Албанската национална Армија – терористичката АНА, која повторно се појави на окупираната територија од страна на НАТО во Косово, и тврдеше дека тие се „најголем пријател на НАТО“. Албанско-американско-турските терористички организции заедно со неадминистрираните региони од страна на Тирана, на замислената „Голема Албанија“, дефинитивно ќе играат одлучувачки фактор во било какво сценарио за Хибридна војна и претставува најголема закана за регионалната стабилност.
Хаос на портите
Таргетирање на мултиполарностаРепублика Македонија е на првата линија на војната на САД во Европа, како што објаснив во претходните анализи за Катеон објаснувајќи ја мигрантската криза. Препорачувам да го прочитате и тој дел, бидејќи ќе зборувам за „Оружјето за масовна миграција“ кое се користи со цел да се стави ЕУ во постојана фаза на тензии од Хибридна војна за да се прифати промената на лидерите преку Обоени Револуции кои имаат прагматичен пристап кон соработка со Русија и Кина. На регионално ниво, САД ги таргетира Република Македоија и Србија, бидејќи тие се главното тесно грло во актуелизирање на Кинескиот проект за Свилениот пат, кој ако се комплетира ќе го замени суспендираниот проект на Русија за Балкански гасовод и ќе создаде инфраструктурен рбет за мултиполарна иднина на Европа.
Регионален бранХибридната војна самата по себе е дестабилизирачка за било која земја во регионот која страда од нејзнините најинтензивни манифестации, но најдиректната и најдебилирачка форма на хаос е тоа што директно води до прилив и одлив на мигранти/бегалци/прикриени терористи од и на бојното поле. Ова има исклучителна важност во денешните настани земајќи ги во предвид мигрантските бранови и кризата, како и предупредувањето на Рускиот Премиер Димитриј Медведев кое го испрати во светот дека „стотици илијадници екстремисти влегуваат во Европа под пластот на бегалци“. Република Македонија е буквално на првата линија на кризата и има неверојатно силен отпор во лицето на шансите кои не им даваа добра перспектива, но соочени со најновиот обид за почеток на Хибридна војна внатре во нејзините граници и можноста за Обоена револуција трансформирајќи ја во Неконвенционална војна, нејасно е колку ефективно ќе биде во можност да издржи.

Стурктурни слабостиПовторните грчки субверзии на границата со Македонија и вмешаноста на некои од ченовите на владата да соработуваат со невладини организации во влошување на мигрантската криза и да ја насочуваат кон дестабилизирање на север во Македонија може да се очекува дека ќе биде причина безбедносните сили да се соочат со потешкотии при справувањето со заканата за Обоена револуција, и предвидување на било какви закани за Неконвенционална војна од оние кои се инфлитрираат од Албанија или од/и НАТО-окупираната територија Косово. Дополнително, ако Бугарија уште еднаш се реши провокативно да испрати трупи на Македонската граница при рапидно ескалирање на ситуацијата, тогаш може да има ефект на развлекување на македонските власти на премногу места, отварајќи стратешки слабости на еден од овие фронтови што може инстантно да биде експлоатирано од САД и нивните сојузници во изведување на едно од нивните бројни претходно планирани сценарија. Крајниот резултат од успешна промена на власта во Македонија ќе биде варварски упад на територијата на земјата во неконтролиран наплив на повеќе од еден милион мигранти токму преку срцето на централен балкан, точно во моментот кога регионалните држави почнуваат да земаат колективна воздишка дека најлошиот дел од кризата е позади нив.

 
Засилување на фронтотВо справување со овие можи евентуалности, неопходно е Македонските власти да добијат некаков вид на мултилатерална физичка поддршка од заинтересираните страни кои имаат нешто да изгубат доколку падне актуелната влада, и државата стане черка на „Оружјето на масовна миграција“ на САД за инвазија на Европа. Во моментот, како што претходно анализирав, статус кво еквилибриумот и дефакто затворениот „Балкански коридор“ е одржуван од здруженото Австро-Унгарско водство кое ги спои сите Балкански земји и ги натера да се надгледуваат со цел да изнајдат колективно и координирано решение за проблем кој ги засега сите нив. Најефективниот начин проактивно да се спротивставите на шансите на се поверојатната Хибридна војна во Македонија е да се срушат портите и да се испрати бранот мигранти од „Оружјето за масовна миграција“ кон Европа, а во исто време да се предаде контролата на грчката граница со Македонија на безбедносните сили од Европа кои на покана на Македонија и помагаат на македонската армија и полиција, додека во исто време овие капацитети Македонија да ги искористи во справување со наметнатата закана за хибридна војна од САД.
ЗаклучокМакедонија се посигурно се наоѓа на работ на голема дестабилизација, втора Хибридна војна која директно ја таргетира владата но индиректно е нацелена кон унишутвање на перспективите дека Русија и Кина ќе имаат шанса прогресивно да ја ослободат Европа од униполарноста. Вашингтон ја има фрлено ракавицата, очекувано, во искористувањето на нејзните полномошници за да испрати силна порака до Скопје дека нејзините демократски безбедносни методи при пропаднатиот обид за пуч преку СЈО, и во одбраната на Европа од некотролирани бранови на мигранти ќе биде пресретната со асиметрична закана и тоа од најсуров вид.
Зголемувачката закана за целосна, тотална хибридна војна е се поголема и поверојатна, за што Московската тинк-тенк организација Катхеон дава сугестија за воведување на силни и строги анти-демонстративни мерки со цел да се спречи Обоена Револуција. Ако властите успеат да ја контролираат последната закана од дестабилизација пред да излезе од контрола, тогаш тие ќе бидат во подобра позиција за одговор за било каква намера за „Голема Албанија“ или терористички напади на ИСИС кои би можеле да се случат пред 5-ти јуни, односно пред изборите. Ако овие две внатрешни закани се сузбијат и неутрализираат, тогаш Македонија нема да биде толку ранлива на директни субверзии од нејзините Албански, Бугарски и Грчки соседи кои планираат против Македонита под водство на Американско – Турска асистениција.

Ако најлошото сепак се случи, тогаш Македонија најмногу ќе добие од мултилатерална асистенција во засилување на нејзината граница со Грција со цел нејзините безбедносни сили да можат поефективно да реагираат на внатрешните провокации предизвикани од САД, на кој начин Владата ќе добие можност да спречи било каков дестабилизирачки домашен елемент додека се потпира на меѓународните партнери и еднакво стратешки заинтересирани страни во заштита на јужната граница од „Оружјето на масовна миграција“. Периодот помал од два месеци пред изборите е апсолутно критичен за стабилноста на Балканот и останатиот дел од Европа, но ако историјата е индикација, тогаш исто како што сторија минатата година во овој период, Македонскиот народ легендарно ќе успеат во нокаутирање на заканата за Хибридна војна која САД повторно ја спроведува, што на крајот ќе му донесе уште едно помодрено око на Чичко Сем, засрамен од поразот од малата но голема Македонија!Непријателот одвнатреКако одговор на ненадејното уништување на плановите за „уставен пуч“, САД издаде наредба до своите поданици

Пронајдете не на следниве мрежи: