ЌЕ ЈА ЗАСАКА СЕКОЈ ВО СЕМЕЈСТВОТО: Направете си „Карамел пита“

За карамел пита не ви се потребни никакви спектакуларни ниту егзотични состојки. Се што ви треба е малку добра волја, и само неколку намирници кои сигурно секогаш ги имате дома. Оваа пита ќе ја засака секој во семејството.Состојки:
За кори:
150 гр пченично остро брашно
150 гр пченично меко брашно
½ прашок за пециво
100 гр путер
1 јајце
80 гр шеќер
1 лажица кисела павлака
За крем
50 гр пченично меко брашно
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
500 мл ладно млеко
100 гр путер
За чоколадна глазура:
3 лажици вода
3 лажици шеќер
3 реда од чоколадо (100 g)
50 гр путер
1 лажица масло
Подготовка:

 
 Подготовка:
1. Кори
2. Помешајте ги двата вида на брашно и прашокот за пециво, ддадете го путерот исечен на листови, и растопете го со прсти.
3. Потоа додадете го шеќерот, разматеното јајце и павлака и создадете смеса за тесто.
4. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои  30 минути во фрижидер.
5. Потоа поделете го на 4 еднакви делови и секое делче рассукајте го (што е можно потенко) во кора (20×32 см)
6.Корите малку избоцкајте ги со виљушка и со помош на сукало префрлете ги во калап обложен со хартија за печење.
7. Печете ја секоја кора посебно на 180 степени околу 5 минути. Корите мора да останат светли, а ќе знаете дека се готови кога по рабовите ќе почнат да добиваат боја.
Крем:
1. Во помал сад помешајте го брашното. 120 гр шеќер и ванилин шеќер, постепено додадете го ладното млеко и добро помешајте да не се направат грутки.
2. На тивок оган потпечете 80гр шеќер со постојано мешање додека не се карамелизира.
3. Крамелизираниот шеќер сега полека измешајте го со смесата од млеко, брашно и шеќер, со енергично мешање со маталка (не грижете се ако шеќерот малку ви се згусни – тој во понатамошната постапка на готвење и мешање сосема ќе се растопи). Се заедно гответе на тивок оган со постојано мешање додека кремот фино не се згусне.
4. Готовиот крем тргнете го од оган и пуштете малку да се олади со повремено мешање. Во се уште топлиот крем додадете го путерот, промешајте за се добро да се соедини и добро оладете го.
5. Оладениот крем убаво промешајте го со миксер.
6. Секоја кора премачкајте со 1/3 од кремот и завршете со последната кора.
Питата покријте ја со проѕирна фолија и крпа и оставете ја така 3-4 часа корите да опуштат, а потоа прелијте ја со чоколадната глазура и ставете ја во фрижидер на уште неколу часа, за глазурата да се стегне и корите да се поврзат со кремот.
Чоколадна глазура
Водата и шеќерот ставете ги на тивок оган и мешајте се додека шеќерот не се стопи целосно Потоа додадете го иситнетото чоколдо и мешајте додека истото не се стопи и не се поврзе со водата.
Тргнете го од оган и додадете го путерот. Кога путерот сосема ќе се стопи, додадете масло за глазурата да биде сјајна.
Почекајте некој момент за глазурата да се олади, а потоа прелијте преку колачот. Состојки:
За кори:
150 гр пченично остро брашно
150 гр пченично меко брашно
&frac

Пронајдете не на следниве мрежи: