Ќе се реновира покривната конструкција на црквата во поткожувското кавадаречко село Горна Бошава, информираше денеска претседателот на месната заедница Дарко Најдов.– Иако градбата на црквата ја почнавме во 2003 година, покривот протекува при дожд, а дождовните капки оставаат траги и во внатрешноста на верскиот објект. Се уште не ни е направен фрескоживописот токму од таа причина. Иако има заинтересирани, тоа засега се избегнува, се додека не се реши проблемот со протекувањето на покривната конструкција, рече Најдов.
Тој појасни на кој начин планираат да го извршат санирањето на покривот, по што ќе следува фрескоживописот и осветувањето на црквата.
– Завршувањето на оваа работа е многу значајно бидејќи сите кои доаѓаат во селото, без разлика дали потекнуваат или не одовде, најпрво ја посетуваат црквата „Свети Илија“, нагласи Најдов. Додаде дека акцијата за реконструкција ќе ја реализираат сите жители на селото кои доброволно ќе се пријават за такво нешто. Финансиите за материјал, се веќе обезбедени.– Иако градбата на црквата ја почнавме во 2003 година, покривот протекува при дожд, а дождовните капки оставаат траги и во внатрешноста