Ќе се води истрага против 49 поранешни чувари на Аушвиц

„Ќе се води истрага против 49 поранешни чувари на нацистичкиот логор Аушвиц, кои живеат на територија на Германија“, изјави потпаролот на Германскиот центар за истражување на злосторствата на национал-социјализмот во Лудвигсбург, Курт Шрим.  
„Лицата се осомничени за помагање во убиства“, додаде тој.
Во моментот се истражува дали тие биле вмешани во некакви криминални дела и дали се актуелни податоците за нивното место на живеење.
Центарот ќе утврдува каква функција имале чуварите во логорите  и колку луѓе загинале во Аушвиц за време на нивното работење. По првичната истрага осомничените ќе бидат предадени на обвинителството за утврдување на фактите за злосторствата.
 

„Ќе се води истрага против 49 поранешни чувари на нацистичкиот логор Аушвиц,

Пронајдете не на следниве мрежи: