Писмото кое еден татко го напишал за својата ќерка објавено е во списението „Standford Medicine magazine“ на 23 февруари 2015 година. Пол Каланти, кој го напишал писмото, починал на 9 март, на 37 години.Во писмото Пол пишува за тоа како поминувал многу време во операционата сала како неврохирург, често заборавајќи колку долго останува на работа. Откако се посветил на спасување животи, по 6 години дознал дека боледува од рак на бели дробови.Ослабел, често го мачела треска, имал болка во грбот и постојано кашлал. Тргнал на хемотерапија и почнал да поминува многу време во болница.„Но сето тоа беше подносливо, бидејќи добив ќерка неколку дена откако излегов од болница . Од ден на ден се развиваше. Педијатарот редовно го следеше нејзиниот напредок. Додека ми седеше в скут и го слушаше моето раштимано пеење, ја осветлуваше цела просторија. Но јас секој ден бев се поблиску до смртта“, пишува тој.Чувствувал дека со неговата смрт многу работи ќе и бидат одземени на неговата ќерка, Кади.„Се надевам дека ќе живеам доволо долго за да ме запомни. Зборовите ја имаат долговечноста која јас ја немам. Помислив на тоа да и оставам серија писма- но што би имал да и кажам? Јас не знам каква ќе биде таа кога ќе има 15 години“, стои во писмото.
Дури на крајот од писмото тој одлучува да и остави порака.„Кога повеќе пати во животот ќе размислуваш за себе, помисли и на тоа што си била, што си направила и што си му значела на светот, и, те молам не заборавај на тоа дека со радост си ги исполнила деновите на човек кој умира, радост која му била непозната претходно, радост поради која се чувствував мирно, задоволно. Во тоа време тоа беше една неописливо важна работа“.
Во писмото Пол пишува за тоа како поминувал многу време во операционата сала како неврохирург, често заборавајќи колку долго останува на работа. От



