КГБ откри мумифициран древен вонземјански „бог“

Во 1961 година, КГБ активираше тајна програма, чија цел била да се открие вонземјанска технологија. Кулминација на тајните податоци за проектот било наоѓање на тело на вонземјанин стар 13.000 години, што се наоѓало во гробница во платото Гиза во Египет.Во раните години на Студената војна, Русите се плашеле дека САД имаат тактичка предност бидејќи поседуваат технологија на вонземјани стекнати преку обратен инженеринг по катастрофи како онаа што се случи во Росвел.
Русија исто требало да поседува вонземски технологии и затоа разузнавањето открило неколку места на кои може да има траги од такви.
Едно од овие места била древна гробница во Гиза. Барањето било базирано на легендата за Гробот на Богот посетител. Легендата вели дека гробницата е откриена од двајца бедуини. Но, штом пристапиле внатре, се почувствувале лошо и отишле во болница. Смртта настапила малку подоцна, но пред умирање успеале да дадат детали за локацијата на гробницата.
Египетските власти ја продале оваа информација на руското разузнавање. Експедицијата била организирана брзо за да не може ЦИА да стигне пред КГБ. Група руски египтолози, научници и војници ја локализирале гробницата со помош на колеги од Египет. Информацијата е потврдена од руски научник по име Виктор Иванович, кој имал пристап до класифицирани документи:
„Нема сомневање дека мала група руски научници и војници откриле гробница во Египет во 1961 година. Но, во документите не пишува што е најдено внатре. Само извори од највисокиот ранг во КГБ знаеле дека во саркофагот има тело тоа на вонземјанско суштество кое умрело 10.000 години пред Христа.“
Според главен офицер во КГБ, од местото биле земени 15 кутии со артефакти. Хиероглифски натписи биле копирани и преведени. Во извештајот исто така се споменуваше за заштитна бариера: „Кога ги прегледавме ѕидовите, од нив доаѓаше чудна одбивна сила. Не успеавме да најдеме никакво научно објаснување.“
Но, ништо не било толку чудно колку мумифицираното тело на Богот посетител. Тоа било поголемо од просечниот Египќанец, а датирањето со јаглерод-14 покажало дека се наоѓал на возраст од 13.000 години.
Според египетската митологија, првата династија била создадена од богот Озирис, кој дошол на Земјата со летачки брод. На модерен јазик тоа звучи прилично како „вонземјански космонаут да дошол на нашата планета со вселенски брод“.
Постои и видео за случајот. Според извори, видеото е обезбедено од човек со пристап до тајни архиви на КГБ. На видеото се гледаат руски војници кои го отвораат капакот на саркофагот и откако од него излегува чуден облак чад, истражувачите ја напуштаат гробницата и се враќаат со заштитна облека.
Иако од видеото не може да се каже дали телото припаѓа на вонземјанин, анализите покажуваат дека клипот не е монтиран. Вистинските резултати од експедицијата не се јасни и до денес.Во раните години на Студената војна, Русите се плашеле дека САД имаат тактичка предност бидејќи поседуваат технологија на вонземјани стекнати преку

Пронајдете не на следниве мрежи: