Откривањето на оваа група клетки би можело да го преобрази лечењето на дијабетесот од типот 1.Научниците за прв пат успеаа во лабораторија да создадат клетки што го поттикнуваат создавањето на инсулинот, а ова откритие би можело целосно да го смени начинот на кој што го лечиме дијабетесот. „Откритието е навистина големо“, изјави коавторот на истражувањето, Крис Лајдел од Институтот за медицински истражувања Вестмејд.
Панкреатските бета-клетки, што го создаваат хормонот за регулирање на гликозата, биле создадени од човечко стебло на клетки, откако истражувачите го пронашле „прекинувачот“ што ги поттикнува феталните бета-клетки да почнат да произведуваат инсулин.
Ова откритие може да води и до трансплантација на бета клетките, што пак, се создаваат кај пациентите со дијабетес од типот 1.
Се до сега, иако истражувачите создаваа бета клетки, не можеа да ги натераат да произведуваат инсулин. Меѓународниот тим што конечно успеа во тоа, вели дека го должат своето откритие на неконвенционалниот пристап кон проблемот.
„Во оваа област бевме скептични. Никој од нас немаше историја на дијабетес, и затоа гледавме на проблемот поинаку. Наместо да размислуваме за проблемот како на проблем на диференцијација на клетките, размислувавме за него како проблем на регулација, а за таа регулација да успее, требаше само да се вклучат вистинските прекинувачи.“, изјави Лајдел.
Научниците открија дека возрасните клетки имале многу повисоки нивоа на протеинот наречен „рецептор Y кој е поврзан со естрогенот“ (ERRy). Кога тие го присилиле се уште незрелиот тек на бета-клетки настанати од други клетки да произведуваат повеќе од ERRy рецепторот, клетките почнале да произведуваат инсулин како одговор на гликозната стимулација, на ист начин како што тоа функционира и во панкреасот.
„Ова истражување не носи во нова ера на создавање на функционални бета-клетки по волја.“, изјави главниот истражувач Роналд Еванс, од Институтот во Сан Диего.Научниците за прв пат успеаа во лабораторија да создадат клетки што го поттикнуваат создавањето на инсулинот, а ова откритие би можело целосно да г



