Клубот на пријатели на Македонија од Република Чешка прати апарати за сушење ѕидови и влажни простории како помош за поплавените подрачја

Општина Гази Баба интензивно работи на санацијата и ублажувањето на штетите од поплавите кои го зафатија Скопскиот регион.Градоначалникот Тони Трајковски, на својот Фејсбук профил ја објави најновата информација која се однесува на помошта за поплавените подрачја. 
Имено, апарати за сушење на ѕидови и влажни простории беа дадени за користење од Клубот на пријатели на Македонија од Република Чешка, а се наменети за побрзо санирање на последиците од поплавата во Гази Баба.
Граѓаните до петок (02.09. 2016 год.) заклучно до 16:00 часот, можат да ги пријават настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци.
Сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општина Гази Баба, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба.
Градоначалникот Тони Трајковски, на својот Фејсбук профил ја објави најновата информација која се однесува на помошта за поплавените подрачја.&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: