„Кодексот на Гигас“ е нарекуван ѓаволска Библија поради огромната илустрација на Ѓаволот кој е прикажан во ракописот, како и поради легендата околу создавањето на ракописот.Се смета дека е создаден во 13 век во еден бенедиктински манастир во Бохемија (денешна Чешка). Содржи Вулгата Библија, како и многу латински текстови.
За време на Триесетгодишната војна во 1648 година, целата колекција била украдена од шведската армија и денес се чува во Националната библиотека на Шведска во Стокхолм.
Според легендата, авторот бил монах, кој ги погазил заклетвите и бил осуден да биде заѕидан жив. За да се ослободи од грозоморната казна, тој ветил за една ноќ дека ќе создаде книга која засекогаш ќе го прослави манастирот и која го вклучува сето човечко знаење. Околу полноќ тој веќе бил убеден дека нема да се соочи со тоа сам и за тоа изрекол посебна молитва, која не била насочена кон Бога, туку кон паднатиот ангел Луцифер, молејќи го да му помогне да го доврши започнатото во замена за својата душа.
Ѓаволот го довршил ракописот и монахот ја додал неговата сликата како знак на благодарност за помошта. Се пресметува дека само изработката на калиграфијата, без илустрациите и декорациите би траеле 5 години и тоа со непрестана работата.
Според експертите, ако се пишува со брзина од 20 реда во секунда, плус бројните илустрации, на еден писар би му биле потребни околу 30 години за да го заврши.
Ракописот е создаден од кожа на 160 животни, долги речиси метар и се потребни двајца луѓе само за да го соберат. Напишан е околу 1210 година по Христа, на латински јазик. „Кодексот на Гигас“ им носел несреќа на сите оние кои некогаш го поседувале и сите околу нив, вклучувајќи чума, ментални болести, пожари и разурнувања, а неговата историја е проткаена со мистерии и зло.
Оригиналот на ракописот имал 320 страници, од кои седум исчезнале без трага, веројатно затоа што ги содржеле тајните правила на бенедиктинскиот манастир.
Се смета дека е создаден во 13 век во еден бенедиктински манастир во Бохемија (денешна Чешка). Содржи Вулгата Библија, како и многу латински тексто