Кој е Петре Шилегов?

Првата прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов беше на тема – кавга со новинари. Тој како новоизбран гласноговорник на партијата закажа прес, објаснувајќи, односно тврдејќи дека Зоран Заев во интервју кажал едно, медиумите, или конкретно „Република“ пренела друго. Се работи за видео интервју, а дали кажал на во или дво (национален идентитет) останува секој да му верува на она што ќе го слушне.Но кој е гласноговорникот на СДСМ? Шилегов беше претседатeл на  второстепената Комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ. Тогаш тој имаше проблеми со потпретседателката на партијата, Радмила Шекеринска, која и тогаш ја имаше истата функција. Стравуваше дека Шекеринска нема да го прифати предлогот на Владо Бучковски, кој раководеше со партијата во тоа време, тој да биде  член во Државната изборна комисија. Како што тогаш објави „Дневник“во изданието од 13 септември 2004 година, Шеќеринска веќе подолго време сакала да го тргне Шилегов од Владата бидејќи не се согласувала со неговото работење.

Шилегов, човекот кој Бучковски го предлагаше да биде член на ДИК иако Шекеринска се противеше, потоа му беше адвокат на експремиерот  во спорот за клевета против Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, за бугарски пасош.

 

Шилегов вложи жалба на првичната пресуда, истата беше усвоена, но сепак на крајот го загуби спорот.

Шилегов дел од својот работен век ја поминал во Управниот одбор на Комуналната хигиена во времето на Ристо Пенов. Подоцна, во 2002 година беше заменет. Во ввремето кога Шилефов беше цо УО на Комунална хигиена излегоа неколку скандали.
 
Во адвокатската кариера на Шилегов влегува и предметот Бачило, каде се јавува како адвокат на некогашниот правобранител Миодраг Стевановиќ.
 
Нему во најголемиот корупциски скандал во земјата му се судеше поради нанесување значителна штета на државата потпишувајќи решенија на предмети за денационализација, притоа помагајќи да се збогати најбогатиот овчар, Иснифарис Џемаили. Џемаили на државата ѝ должи околу 44 милиони денари. Нелегално стекнатиот имот тој го ставал под хипотека потпишувајќи фиктивни договори, оневозможувајќи ѝ на државата да го конфискува.

 
 
Дневниот весник Вест пишуваше за потенцијален скандал во 2004 година при реконструкцијата на затворот Идризово. Истата ја вршеше Иднина инжинеринг, која со притисоци ја протуркал заменик директорот Исмет Гури, кој е командант на УЧК.Градежните компании Бетон и Пелагонија по ваквата одлука испратија жалба до Владата која им беше експресно одбиена од Шилегов.

Шилегов како адвокат се појавува и во аферата Фиком, застапувајќи ја Весна Николиќ. Весна и нејзиниот сопруг Никола Николиќ беа осудени откако оштетија голем број на луѓе препродавајќи еден стан на повеќемина.

Името на Шилегов се споменуваше и во аферата со биометриските пасоши, кога фирмата Гисеке и Девриент доби провизија од 1.7 милиони евра. Експертите неколку пати реагираа, професорот Тупанчевски остро му реплицираше кога Шилегов како претседател на второстепената комисија го бранеше правото на провизија од 1,7 милиони евра со образложение дека тоа е однос меѓу понудувачот и консултантот, односно биле трошоци за изработка на проектна документација.

Извор: РепубликаНо кој е гласноговорникот на СДСМ? Шилегов беше претседатeл на  второстепената Комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ. Т

Пронајдете не на следниве мрежи: