Кој е вашиот знак според Египетскиот хороскоп?

Старите египјани ги набљудувале ѕвездите и верувале дека истите имаат влијание на човечките судбини. Ова се различните хороскоспки знаци според старите египјани.
Амон 1.1 – 2.2
Старите Египјани верувале дека Амон е богот на пророците. Родените во овој знак брзо се заљубуваат и ја пронаоѓаат љубовта на нивниот живот. Тие се упорни, но не се наметливи. На прв поглед можеби изгледаат ладно, но тие се многу емотивни и нежни кон другите. Најмногу од сè ги боли неверството, бидејќи се многу посветени на партнерот. Тие се добри пријатели и љубовници.
Себек 3.2 – 4.3
Себек е бог на реката Нил, која била извор на живот за Египет. Припадниците на овој знак многу ја ценат уметноста и повеќето од нив се уметнички надарени. Сепак, би требало да внимаваат бидејќи можат да бидат засенети од туѓата убавина, што често ги наведува на погрешен пат. Родените во овој знак не знаат да чуваат тајни, поради што често прекинуваат пријателства.

Озирис 5.3 – 9.4
Озирис во стариот Египет бил бог на плодноста и растот. Припадниците на овој знак се многу сензуални, но и романтични. Својот партнер постојано го изненадуваат со мали и слатки поклони. Полни се со разбирање за другите и им помагаат на своите пријатели ако се најдат во неволја.
Птах 10.4 – 2.5
Во стариот египет Птах бил бог на вистината. Припадниците на овој знак се искрени, отворени и по малку наивни. Тие се и импулсивни, скромни и нетрпеливи. Поради својата искреност често на другите им кажуваат што мислат без обзир на последиците. Исто се однесуваат и во љубовта, а баш таа особина на неконтролирано изразување може да ги чини неколку пријателства.
Повеќе на: ТЗМ.МК
 

Пронајдете не на следниве мрежи: