Колач со чоколадо и нескафе

Подгответе го овој несекојдневен колач.Состојки:
230 г путер
220 г кафеав шеќер
100 г обичен шеќер
2 јајца
2 ќесички ванилин шеќер
300 г брашно
1 кафена лажичка сода бикарбона
1 кафена лажичка нескафе
1,5 кафени лажички сол
230 г темно чоколадо (исечкано на парчиња)
сладолед по избор
малку чоколаден прелив (за украсување)
малку мед (за украсување)
Подготовка:
 Загрејте ја рерната на 190 степени. Во подлабок сад изматете го путерот со кафеавиот и обичниот шеќер додека не се изедначи смесата, а потоа додадете ги јајцата и ванилиниот шеќер и мешајте уште малку.
Во посебен сад измешајте го брашното, нескафето, содата и солта, а потоа додавајте малку по малку во смесата со брашно и матете постојано.
На крајот додадете ги парчињата чоколадо, измешајте полека со лажица и распоредете ја смесата во тавче за печење кое претходно убаво е намастено со путер или маргарин и посипано со брашно.
Печете околу 20-тина минути, или додека тестото не биде готово. Откако малку ќе се олади (но додека е сеуште топло) извадете го тестото од тавчето и пресечете го на коцки.
Секоја коцка ставете ја во посебна чинија за послужување, одозгора ставете една топка сладолед (ние користевме карамела) и испрскајте со малку мед и чоколаден прелив.Состојки:
230 г путер
220 г кафеав шеќер
100 г обичен шеќер
2 јајца
2

Пронајдете не на следниве мрежи: