Под покровителство на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски и неговото семејство, а во соорганизација на Општина Ресен и Ресенското Архиерејско Намесништво на Македонската Православна Црква , денес по одржувањето на свечената боженствена литургија, во Храмот Св. Ѓорѓи во Ресен, 150 –на деца од ресенските основни училишта и детската градинка носејќи ја во раце импровизираната пештера во која се родил Исус Христoс, продефилираа низ градските улици, пеејќи ја свечената коледарска песна “Вечниот Бог” со што за прв пат во Ресен и Преспа се одржа Свечена Коледарска Литија.Организаторите на овој настан и Ресенското Архиерејско Намесништво очекуваат овај настан да прерасне во традиционален.На учесниците во Литијата , Во малата сала на Општина Ресен Градоначалникот на д-р Ѓоко Стрезовски им подари коледарски пакетчиња , а во ресторанот Две Лири за 150 деца беше организирана и посна коледарска трпеза.
Фото галеријата погледнете ја тука.Организаторите на овој настан и Ресенското Архиерејско Намесништво очекуваат овај настан да прерасне во традиционален.На учесниците во Литијата , В