Истражувањата покажале дека дури 46% од жените во Србија не се сигурни што е хумани папилома вирус ХПВ, кој е главна причина за рак на грлото на матката.Истражувањето е направено врз 534 жени од цела Србија, на возраст од 20 до 45 години, а резултатите покажале дека околу 20% од нив одат на гинеколог само кога имаат проблем, додека 4% од нив не се сеќаваат кога последен пат биле на преглед.Кога станува збор за државен или приватен гинеколог, повеќе од половината испитанички одговориле дека ги посетуваат јавните установи, помалку од 20% се оние кои одат исклучиво кај приватен гинеколог, а 25% ги користат и јавните и приватните гинеколошки ординации.Запрашани зошто не одат на редовна контрола, жените воглавно одговориле дека причината е во непостојаната навика, а потоа и непријатното чувство за време на прегледот, недостатокот пари за приватен гинеколог и недостатокот од слободно време.Анализата на одговорите која ја направил порталот Uelementu.com покажува и дека повеќето жени, дури 63%, кои имаат некое прашање или проблем бараат помош од гинеколог, а околу ¼ од испитаниците бараат помош на интернет, додека со мајката или пријателката разговараат околу 10% од жените.
На прашањето дали знаат што е ХПВ, повеќе од 46% од испитаничките одговориле дека не се сигурни, 42% знаат што е тоа и имале посредно или непосредно искуство со тој вирус, додека десетина од испитаниците воопшто не знаеле што означува таа скратеница.Карциномот на грлото на матката е третиот најчест облик на рак кај жените, а истовремено е на врвот на скалата на успешно лечње малигни болести, при што почетните облици на карцином може целосно да се излечат.
Што е ХПВ?
ХПВ инфекцијата е полово пренослива болест која ја предизвикува Хуман папилома вирусот – ХПВ. Се проценува дека 80 – 100% девојки на возраст од 18 – 25 години доаѓаат во контакт со овој вирус при полов однос, додека 30% девојки развиваат симптоми на инфекција. Доколку се работи за ниско-ризични типови (6, 11, 41, 43, 44)се јавуваат генитални брадавици (condylomata accuminata ) кои се заразни и се пренесуваат со полов однос. Високо-ризичните типови на вирусот (16, 18, 31, 35, 39, 45, 51, 52, 56) се опасни дотолку што се поврзуваат со појава на абнормалност на епителот на грлото на матката (цервикална дисплазија) во отсуство на било кои други симптоми.
Хроничната ХПВ инфекција го зголемува ризикот за настанок на ракот на грлото на матката за 65, а кај онкогените високо-ризични типови и за 130 пати. Слабеењето на имунолошкиот систем поради хроничен емоционален или друг стрес, лоша исхрана, земање алкохол и пушење, може да бидат причина за промена во имунолошкиот одговор, и може да ја започнат активноста на вирусот.Истражувањето е направено врз 534 жени од цела Србија, на возраст од 20 до 45 години, а резултатите покажале дека околу 20% од нив одат на гинеколо



