Колку е само лесно да осудиш

Еднаш еден стар пастир, коj веќе преку седумдесет години чувал овци, го запрашале новинарите:Еднаш еден стар пастир, коj веќе преку седумдесет години чувал овци, го запрашале новинарите:„Можете ли да ни раскажете нешто посебно што ви се случило во вашиот долгогодишен пастирски стаж?“
Причината поради која новинарите воопшто дошле била таа што државата решила да му додели почесна пензија за неговиот осумдесетти роденден, бидејќи чесно ја извршувал својата работа, еве веќе седумдесет години, а немал никаква основа по која би ја добил заслужената пензија, бидејќи никаде не бил ниту пријавен, ниту пак фигурирал на било какви платни списоци. Старецот на почеток се бранел како тој е само еден обичен овчар и веќе црвенеел од срам со самото тоа што тие дошле и ете сакаат да пишуваат за него во весниците, за кои тој како необразуван старец, само знаел дека постојат. Простодушниот пастир на крајот сепак попуштил ипочнал да раскажува.
„Кога имав дваесет години, најдов во шумата едно малечко кученце. Го засакав на прва и воопшто не размислував, па го прибрав со мене. Кучето чие второ име бешемилост, веќе вториот ден ми се вовлече под кожа. Секаде го влечев со мене, го делевме и доброто и лошото. И она што го имав и она што го немав.Но, селаните почнаа да ми префрлаат дека најверојатно сум ослепел штом не забележувам дека чувам волк, кој на крај ќе ми донесе големо зло. Ги игнорирав и го слушав срцето. Кучето стана моја гордост, големо, убаво и паметно куче кое верно ми помагаше во чувањето на овците.
Еден летен ден, доцна попладне кога сонцето се тркалаше по сивите облаци, мирисаше на дожд.
Влегов во колибата, а сонот кој ми тежеше на трепките, веднаш ме маѓепса.Не знам колку долго лежев. Слушнав пригушено р’жење и завивање. Не знаев дали тоа сонот си  поигрува со мене, но сепак излегов да проверам. Портокаловата сончева топка се вееше на небеското копје уште повисоко.
Моето куче седеше спроти сонцето. Муцката му беше крвава, а како што беше седнат, портокаловото сонце му нуркаше во очите. Веднаш сфатив што се случило.Влегов во тишината на колибата, ја симнав пушката позади вратата и повторно излегов. Му нанишанив на главата, главата на мојот волк. Тој не се ни помрдна. Како да чувствуваше вина што ја прокоцка мојата доверба и целата љубов која ја гаев за него. Го повлеков чкрапалото и тој падна.
За да спасам барем нешто, отидов во селото и побарав помош од селаните. Чувствував срам пред нив, затоа што одев со глава против ѕид и не ги послушав. Сонцето во далечината ни мафташе на заоѓање кога почнавме да ги товариме лешевите од овци. И тогаш се запрепастив. Меѓу планината лешеви од овци најдов три задавени волка и едно младенче.
Срцето ме стигна, а очите ми ги оросија солзи. Го убив својот најдобар пријател. Се посомневав во ѕвездата на небо. Еве поминаа веќе шеесет години, а таа слика не престана да ме прогонува. Ко да беше вчера…
Оттогаш се повлеков во себе. Зборовите многу ретко ги милуваа моите усни. Станав многу внимателен. Јасно ми стана дека нема повеќе место во мојата душа за било какво осудување или предрасуда кон било кој.
Цената за тоа беше висока, а никој не ме праша дали сакам да го купам тоа искуство.“Еднаш еден стар пастир, коj веќе преку седумдесет години чувал овци, го запрашале новинарите:„Можете ли да

Пронајдете не на следниве мрежи: