Kолку точно веб страни има на интернет?

Бројот на веб страни на Интернет достигна бројка од една милијарда, и расте со големо темпо, судејќи според бројките во реално време со кои располага Интернет Лајв Статс.Тим Бернерс Ли, кој се смета за татко на интернетот, се пофали со оваа бројка на Твитер – еден од најистакнатите сајтови во интернет светот.

До овој број дојдовме благодарејќи на агенцијата која се занимава со адреси на интернет и која ја прошири својата понуда од .ком и .нет домени за да обезбеди дополнителен простор за се оголемиот број разновидни сајтови.
Интернетот во април оваа година наполни 25 години.
Идејата за интернетот е родена во техничката работа на Бернерс Ли, тогаш млад компјутерски научник во Европската лабораторија за физика.
Тој работел во лабораторијата на ЦЕРН во Швајцарија кога го дал нацртот за лесен пристап до документи на поврзани компјутери, отварајќи го патот за глобалниот феномен што им го промени животот на милијарди луѓе.Тим Бернерс Ли, кој се смета за татко на интернетот, се пофали со оваа бројка на Твитер – еден од најистакнатите сајтови во интернет светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: