Општо е познато дека девојките сакаат црни фустанчиња, бидејќи можат да ги искомбинираат скоро во сите прилики, а црната боја не прави и да изгледаме послаби. Дури 90 проценти од жените имаат омилено црно фустанче во плакарот.
Интернет истражувањето на британската страница „MyVoucherCodes“, кое опфатило 2100 жени на возраст од 25-40 години, покажува дека малото црно фустанче е најисплатлива инвестиција во женскиот гардеробер. Тоа во просек се носи 11 години, а во тој период сопственичката ќе го облече повеќе од 140 пати.
Повеќе од 90 проценти од жените имаат барем едно црно фустанче во плакарот, а половина од нив имаат четири до шест, бидејќи сметаат дека ваквото фустанче е идеално за носење во различни прилики. Жените го обожаваат ова парче гардероба, бидејќи црното фустанче може да се носи на работа, за излегување, за состаноци и формални средби, но и некои специјални прилики.
Ретки се жените кои во својот плакар немаат црно фустанче, а најчесто тоа се оние кои воопшто не носат фустани.
Извор: 24sata.hr
Фото: aliexpress.com
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Општо е познато дека девојките сакаат црни фустанчиња, бидејќи можат да ги искомбинираат скоро во сите прилики, а црната боја не прави и да изгледа