Командант на НАТО: „Терористи и криминалци секојдневно влегуваат во Европа маскирани како мигранти и ИСИС се шири „како рак“

Врховниот командант на силите на НАТО за Европа Филип Бридлав, денес предупреди дека терористи, криминалци и странски борци секојдневно влегуваат во Европа заедно со бегалците и мигрантите.  Бридлав ова го кажа во американскиот Конгрес, и додава дека движењето на овие опасни елементи е „замаскирано“ со приливот на бегалци.
Според неговите зборови, терористичката група ИСИС се „шири како канцер“ помеѓу бегалците, а ги користи патиштата каде има најмал отпор, заканувајќи се на европските земји и САД со терористички напади.
Бридлав на членовите на Воениот комитет на Сенатот им рекол дека тековите на бегалците треба силно да се следи. Според него, бомбардирањето на терористите во Сирија од страна на Руските воздухопловни сили дополнително го зголемило проблемот бидејќи терористите сега заедно со бегалците се почесто се одлучуваат да избегаат од воените жаришта.
 Бридлав ова го кажа во американскиот Конгрес, и додава дека движењето на овие опасни елементи е „замаскирано“ со приливот на бегалци.

Пронајдете не на следниве мрежи: