Комедијата „Во добро и зло“ прогласена за најдобар независен филм

Оригиналната комедија „Во добро и зло“ (оригиналниот наслов е „ Silver Linings Playbook“) доминираше на годинешново доделување на наградите на независните филмови Independent Spirit Awards, кое на плажата Санта Моника ја организираше непрофитната организација Film Independent.Комедијата „Во добро и зло“ доби вкупно четири награди, прогласена е за најдобар филм, Џенифер Лоренс е наградена за најдобра главна женска улога, а режисерот Дејвид О. Расел ја доби наградата за најдобра режија и за најдобро сценарио. Самиот филм, Лоренс и Расел, исто така, беа номинирани и за Оскарите.Освен нив, главните награди на независната продукција им припаднаа на Џон Хејвкес за главна машка улога и Хелен Хант за споредна женска улога во филмот „Seanse“, додека за најдобра машка споредна улога ја доби Метју Мекконехју за улогата на стрипер во филмот „Магичниот Мајк“. „Морав да ги соблечам панталоните за да освојам награда“, изјави во шега пред публиката Мекконехју,На церемонијата која се одржа во голем шатор на плажата Санта Моника, исто така, триумфираше и култниот австриски режисер Микаел Ханеке, чија драма „Љубов“ (Amour) е прогласена за најдобар странски филм, односно во истата категорија во која е номиниран и за Оскар, покрај другите четири категории вклучувајќи ја и наградата Оскар за најдобар филм на годината.Хенеке по примањето на признанието изјави за медиумите дека го изненадил успехот на „Љубов“, кој веќе ја освои ланската година главната награда на престижниот филмски фестивал во Кан како и пет признанија на годишното доделување на француските награди Цезар, за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио кои му припаднаа на Микаел Ханеке, и за најдобра актерка на 86-годишна Емануела Рива и за најдобар актер на 82-годишниот Жан-Луј Третињан. „Никој не очекуваше дека филмот кој се занимава со темата на стареењето и смртта ќе постигне толкав успех“, рекол Ханеке.Наградата за најдобриот документарец го доби филмот „Невидливата војна“ кој се занимава со мрачната тема на силувањето и сексуалното насилство во американската армија.Доделувањето на наградите Independent Spirit Awards се смета за најважниот настан за промоција и наградување на независните и нискобуџетни филмови, така што на него често се појавуваат и најголемите холивудски ѕвезди, а годинава, меѓу другите присуствува и Брус Вилис, Салма Хајек и Даниел Редклиф.
МакфаксОригиналната комедија „Во добро и зло“ (оригиналниот наслов е „ Silver Linings Playbook“) доми

Пронајдете не на следниве мрежи: