Коментари од гневната младина: Потрошени 2 милиони денари за сликање

Голем број млади луѓе револтирани преку социјалните мрежи реагираат на новата манипулација на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Имено, и покрај тоа што беше спектакуларно најавуван настапот на познатиот американски диџеј и продуцент Стив Аоки кој требаше да се одржи вчера вечерта на улица „Македонија“, се откажа.-Ова ли е професионалец и топ 10 ДЈ? Ако си професионалец тогаш завршуваш настап и покажуваш почит кон тие што киснеа 3 сааати. Општина Центар и вас да ви е срам, вака ги почитувате луѓето.
-Катастрофа. Никаква организација.
-Два саати киснат луѓе и го чекаат Steve Aoki, преврнува и го откажуваат концертот за друг датум…каква брука од настан. Само во Македонија е можно вакво нешто.

Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Голем дел од младите се чувствуваат измамени од Жерновски и лошата организација на општина Центар.
Од општина Центар преку соопштение до јавноста информираат дека заради лошите временски услови и невремето кое го зафати Скопје, настанот морало да биде откажан.

-За жал, продукцијата на Стив Аоки и организаторите на настанот не беа во можост да го реализираат планираниот музички спекаткл и сценско шоу. Исто така, општина Центар не дозволи да се вознемируваат граѓаните до доцните часови, бидејќи поради дождот, настанот не можеше да почне пред 23:00 часот. Сакаме да ја информираме јавноста дека, во договор со продукцијата, промотерите и организаторите, во првата следна прилика ќе биде закажан нов термин за одржување на истиот настан. Тој ќе се реализира без никаков дополнителен финансиски надомест од страна на организаторот, на што се сложија сите вклучени страни, се вели во соопштението од општина Центар.
Оваа екскурзија на Жерновски жителите на општина Центар, засега официјално ги чини околу 2 милиони денари, сума која е исплатена од буџетот на општината.
Извор: Журнал.нет-Ова ли е професионалец и топ 10 ДЈ? Ако си професионалец тогаш завршуваш настап и покажуваш почит кон тие што киснеа 3 сааати. Општина Центар и ва

Пронајдете не на следниве мрежи: