Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ посебно внимание посветува на капиталните инвестиции, како фактор за економскиот раст и јакнењето на стопанските капацитети во РМ.Капиталните инвестиции во периодот од 2007-2015 год. забележаа висок раст и изнесуваа 173,8 милијарди денари, што е значително повеќе во споредба со 31,8 милијарди денари во периодот 2003-2006 год. Само во 2015 год. капиталните инвестиции изнесуваа скоро 27,1 милијарда денари, што е три пати повеќе во однос на 2006 година кога изнесуваа само 9,7 милијарди денари.
Во моментов се рализираат голем број на капитални инвестиции, како што се изградба на автопати (Демир Капија-Смоквица кој е во финална фаза, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, во вредност од 790 милиони евра), изградба и реконструкција на регионални патишта (во вредност од 392 милиони евра), инвестиции за изградба и модернизација на железницата (изградба на пругата до Бугарија, набавка на нови товарни вагони и патнички возови, како и реконструкција на пругата на коридорот 10 во вредност од 260 милиони евра). Со реализација на јавни капитални проекти во патната и железничката инфрастуктура, образованието, здравството и енергетиката, водоснабдителни и канализациски системи, изградба на социјални станови, спортски и културни објекти, овозможена е работа за градежништвото и на други 25 индустриски гранки, а со тоа и работа за стотици фирми и плати за десетици илјади вработени во тие фирми. Овие показатели се уште еден доказ за посветеноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на развојот и растот на економијата во Република Македонија.Капиталните инвестиции во периодот од 2007-2015 год. забележаа висок раст и изнесуваа 173,8 милијарди денари, што е значително повеќе во споредба с