Комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2016, за целосна исплата на оштета во поплавените подрачја

Loading...

Во Собранието на Република Македонија денеска втор ден расправа матичната Комисија за финансирање и буџет по предложениот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој е наменски за целосна отштета во поплавените подрачја.Со ребалансот треба да се обезбедат дополнителни 2,240 милијарди денари за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите во Скопско и Тетовско и да се изврши ревидирање на буџетскиот дефицит на ниво од четири отсто од БДП.
Во расправата членовите на Комисијата посочија дека треба да се скрати расправата и ребалансот да се донесе порано.
Васко Ковачевски од СДСМ рече дека постапката требало да се направи во 10 дена, а не да трае еден месец бидејќи средствата им се потребни на поплавените. Тој и со порака до власта средствата треба да се обезбедат без дополнителни задолжувања и камати.
– Како опозиција сметаме дека има и други методи како да се обезбедат овие средства и затоа поднесовме амандмани на овој предложен ребаланс со кој предвидуваме власта да ги скрати од своите трошења и заеднички да најдеме начин како да ги обезбедиме овие средства, рече Ковачевски.
Напомена дека со амандманите предлагаат 10 милиони евра да се намалат од градежните објекти за кои сметаат дека во овој момент трпат да бидат изградени во нареден период, потоа 300 милиони денари од средствата на Владата за економска промоција, 390 милиони денари од Министерството за финансии од разни трансфери, потоа 89 милиони денари од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, еден милион од надградбата на Министерството за транспорт и врски…
Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ побара да се прекине седницата и да се донесе ребалансот на пленарна седница и да може да се исплати целосната оштета на поплавените. Го повика претседателот на Собранието доколку има деловнички можности да се презакаже седницата, која е закажана на 19 септември, за порано.
Соња Мираковска од НСДП потенцира дека доколку се сака побрза процедура за да стигнат средствата до поплавените тоа требало да се направи наместо со ребаланс со одлука за пренамена на средства, пракса применета претходно.
– Имате 11 одлични амандмани со кои може да се пренасочат средства за поплавените, рече Мираковска и порача да не се земаат пари од еврообврзницата, туку да се најдат од овој буџет.
Според Саша Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ најважно е дека се издвојуваат 36 милиони евра за надомест на штетата во поплавените подрачја и оти 33 милиони евра се обезбедени од депозитот кој беше предвиден да се троши наредната година и останатите од заштеди во Буџетот за 2016 година.
Расправата за ребалансот во Комисијата за финансирање и буџет, според собранискиот деловник, може да трае десет дена.Со ребалансот треба да се обезбедат дополнителни 2,240 милијарди денари за постојана резерва за надминување на последиците од поплавите во Ско

loading...
Loading...