КОМПАНИИТЕ И ГРАЃАНИТЕ ОД РАДОВИШ АКТИВНО СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО АКЦИЈАТА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

Дел од компаниите и здруженијата од општина Радовиш активно се вклучуваат во Хуманитарната акција за настраданите во поплавите во Скопје.Рудникот „Бучим“ донираше вода и конзервирана храна, фирмата „Церада пласт“ донираше вода, дел од Здруженијата во општина Радовиш донираа вода и други продукти, а се повеќе се зголемуваат и донациите од хуманите граѓани.
 И денес Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш во соработка со општина Радовиш на Плоштадот Св.Спасо Радовишки има поставено штанд за донирање на: вода, конзервирана храна, хигиенски средства, детергенти и др. продукти кои се неопходни за настраданите во поплавите.
 Штандот на плоштадот ќе биде поставен до 19:00 часот.
 Исто така, денес во Скопје замина и екипа од ЈП Плаваја со цел да помогне во расчистувањето на последиците од поплавите. Во кооординација со Центарот за кризи од Скопје, секако доколку биде потребно, и во наредните денови општина Радовиш ќе помага со човечки ресурси и механизација.Рудникот „Бучим“ донираше вода и конзервирана храна, фирмата „Церада пласт“ донираше вода, дел од Здруженијата во општина Р

Пронајдете не на следниве мрежи: