Бајка во четири чина раскажана низ хитовите на Северина, шоу кое не смеете да го пропуштите, на 13- ти април, во арената „Борис Трајковски“, најавуваат организаторите.Емоции и добри песни ветуваат од тимот на Северина, а концертот е замислен како продолжување на “бајката од студиото“ и е концептиран како контраст помеѓу доброто и злото, светлината и темнината.Северина веќе работи на пробите за концертот во Љубљана и Риека и нестрпливо го чека датумот за дружење со македонската публика која и оставила силен впечаток на претходниот концерт.Публиката на овој концерт ќе присуствува и на претстава и на концерт, спој од повеќе вида на уметности преку кои Северина ќе ви овозможи незаборавни мигови.Туристиччата агенција „Гуливер“ со секоја купена влезница за нејзиниот концерт ви го подарува и новиот албум „Добродошао у клуб“.Билетите се веќе пуштени во продажба во продажните места: Т.А. „Гуливер“, „Југотон“-ГТЦ, „Камарад“-Рамстор, Цвеќара „Розе“ – Веро2, Куглана – С.Ц. „Борис Трајковски“ и „Тобако шоп“ – Сити Мол.
Макфакс Бајка во четири чина раскажана низ хитовите на Северина, шоу кое не смеете да го пропуштите, на 13- ти апр