Концерт за паметење на Кате и „Нели ти реков“ на „Три круши 2016“

Извонреден емотивен концерт одржа синоќа Кате со групата “Нели ти реков” пред публиката на “Три круши 2016”.Изведбата во живо на “Запри дожду”, “Зар можеш срцето да го делиш на две”, “Никој ме нема така љубено”, нивните најголеми хитови, но и други познати македонски народни и забавни песни, ги разнежнија и развеселија посетителите. Заедно со бендот кој повеќе од две декади успешно работи на македонската музичка естрада, тие до доцна во ноќта играа и ги пееја популарните рефрени.Културната манифестација “Три круши” која е во организација на општина Кисела Вода и веќе 11 години по ред е препознатлива по квалитетниот избор на содржините што ги нуди како програма, продолжува се до крајот на месецот јули. Веќе следниот петок, на локалитетот Три круши настапува групата Фортуна, додека во сабота, со почеток во истиот термин 20:30 часот, ќе се одржи хумористична театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски проследена со музички настап на Момо Николовски.Изведбата во живо на “Запри дожду”, “Зар можеш срцето да го делиш на две”, “Никој ме нема така љубено”, нивните

Пронајдете не на следниве мрежи: