недела, 22 ноември 2026
Најново

Конечно добри вести од Оливер Драгојевиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оваа информација фановите долго време ја чекаа, легендата не се откажува. Настапот на Оливер Драгојвиќ на вториот концерт зависи од дозволата на неговите лекари, а тој сака да пее за болните деца од една клиника.-Оливер смета дека ќе може да одработи и вториот концерт. Немам тука ништо дрвено да чукнам. Добро е Оливер. Добро ја поднесува терапијата, а таа делува, кажа менаџерот на пејачот, Ненад Дробњак, за концертот во Сплит на 15 декември.
Првиот концерт на 69 годишниот Оливер Драгојевиќ во Спаладиум Арената е распродаден во рекорден рок од осум часа.
Поради големиот интерес од неговите обожаватели, организаторите и пејачот размислуваат за тоа да направат уште еден концерт ден подоцна. Одлуката ќе биде донесена најдоцна во среда.
-Се зависи од одговорот на лекарите на Оливер. Му посакуваме добро и ги почитуваме неговите желби. Мислам дека има и друг концерт. Мојата препорака до сите заинтересирани е да не се купуваат карти од препродавачи, вели Дробњак.
Освен концертот во Сплит, Оливер сака да настапи и загребската сала Лисински на 22 декември. Тогаш ќе свири за децата од Клаичевата болница.
Тој концерт е договорен уште пред летото, исто како и оној во Спаладиум Арената.
-Се случи болеста, па застанавме, вели Дробњак.
На првиот концерт на Оливер потврдено е дека ќе настапат неколку познати хрватски ѕвезди и групи, како Џибони, Теди Спалато, Стјепан Хаузер…
За вториот концерт сигурен е Спалато, додека Хаузер веќе има договорен настап во Будимпешта, Џибони се уште го нема потврдено второто гостување.-Оливер смета дека ќе може да одработи и вториот концерт. Немам тука ништо дрвено да чукнам. Добро е Оливер. Добро ја поднесува терапијата, а таа д

Поврзани вести