КОНЕЧНО ДОКАЖАНО: Хитлер не се самоубил, туку избегал и умрел од старост!

Иако официјално се знае дека Хитлер и неговата жена Ева Браун се самоубиле за да не ги фатат, освен недостатокот на факти, и најновите детални истражувања сега потврдуваат дека тие не само што преживеале, туку и живееле долг живот, како што некои веруваат, во Јужна Америка.Официјално се тврди дека Хитлер е застрелан во главата, а Ева Браун испила цијанид во бункерот на 30 април 1945 година, кога Алијансата конечно ги притиснала нацистите. Потоа, наводно, нивните сили ги запалиле телата и ги закопале во плиток гроб во близина.
Но, сосема е возможно ова да е целосна фикција направена со цел Фирерот да избега и да не падне во рацете на Советите, а тоа уште повеќе се потврдува ако ги земеме во предвид овие факти:
Околу 500 научници на нацистите, а претежно експерти по аеродинамика, ракетна технологија, хемиски оружја и медицина се префрлени во Ново Мексико, Алабама и Тексас без знаење дури ни на Стејт Департментот. Овие научници не прелетале легално и со виза, туку владата им овозможила тајно префрлување во САД.
Иако многу информации за овој проект се државна тајна, факт е дека нацистичките научници добивале плата од владата на САД. Во тој контекст, се верува и дека на Хитлер му е овозможено слично „VIP“ бегство надвор од воената територија.
Историчарот Абел Басти ја образложува хипотезата во најновото издание на неговата книга објавена во Аргентина, насловена „Прогонството на Хитлер“, а насловот ја разбранува целата светска јавност.
„Постои договор меѓу Хитлер и САД тој да избега за да не падне во рацете на Советскиот Сојуз“, вели Басти. Ова важи и за голем број научници, војска и шпионите кои подоцна учествувале во борбата против Советскиот режим.
Басти тврди дека Хитлер избегал на безбедно место преку тунел под Канцеларијата, кој води до аеродромот Темпелхоф, каде го чекал хеликоптер и го пренел до Шпанија. Преку Канарските острови, стигнал до Аргентина со подморница, и таму живеел 10 години, па се преселил во Парагвај под заштита на диктаторот Алфредо Штреснер, кој и самиот е со германски корени.
Според историчарот, поранешниот брутален фашист починал на 3 февруари, 1971 година.
„Богатите семејства што му помогнале низ годините го организирале погребот“, објаснува Басти. „Хитлер е закопан во подземен бункер, во облик на елегантен хотел во градот Асунсион. Во 1973 год., влезот на бункерот е запечатен, и 40 луѓе дошле да се збогуваат со Хитлер. Еден од нив е бразилскиот војник Фернандо Ногиера де Араио, кој тогаш во изјава за весник кажал за церемонијата.“
Но, Басти не е сам во оваа хипотеза.
Боб Баер, агент на ЦИА со 21-годишно искуство, и еден од „најелитните офицери за разузнавање на САД“, опиша сличен план за бегство помогнат од владата, во документарната серија за каналот History, што се емитуваше на почетокот на 2015 год. и се вика „Во потрага по Хитлер“.
Баер и тимот, во кој е и истражувачот на воени злосторства д-р. Џон Сенсич, тврдат дека откриле доказ за бегството на Хитлер, вклучувајќи и 700 страници класифицирани документи на ФБИ, како и докази од истрага на лице место во Јужна Америка. Еден од истражувачите изјавува:
„Официјалните лица на Армијата на САД во Германија не го лоцирале телото на Хитлер, ниту пак постои доказ дека тој е мртов“.
Во прилог на оваа теорија оди и статијата на весникот Guardian во 2009 година, што целосно ги разори претходните теории, а тоа е онаа за черепот пробушен со куршум.
Американски научници извшиле анализа на ДНК на черепот што сега е во Државниот Архив во Москва. Но, се појавиле недоследности при анализата на Универзитетот во Конетикат, каде истражувањето го вршел археологот и експерт за коски Ник Белантони. Тој изјавува:

„Коската е премногу тенка, машките коски се покрупни. Дури и структурата одговара на некој кој е помлад од 40 години, а Хитлер во 1945 година наполнил 56 години.“
Сомнежите на Белантони од физичкото испитување на черепот се потврдени и со молекуларни, генетски анализи. Тој череп дефинитивно припаѓа на неидентификувана жена меѓу 20 и 40 годишна возраст. Черепот можеби и припаѓа на Ева Браун, но никаде не се спомнува дека таа била застрелана.
Понатаму, Басти тврди дека  Браун не само што избегала жива и здрава, туку и го надживеала Хитлер, починувајќи на 90-годишна возраст во резиденцијата во Буенос Аирес.
Во 2000 год., Би-Би-Си го објави тврдењето на биографот Вернер Масер кој исто така изрази сериозни сомнежи за автентичноста на черепот, и покрај тврдењето на руските официјални лица дека му припаѓал на Хитлер.
Јужна Америка навистина е домаќин на многу пребегнати нацисти, вклучувајќи го и садистичкиот доктор Јозеф Менгеле, познат по експериментите со мачење на затвореници од концентрационите логори, што со текот на времето резултирале во истражување на близнаците. Подоцна, во еден мал град во Бразил, една од пет бремености резултирала со раѓање на близнаци, нешто што аргентинскиот историчар Хорге Камараса го тврдеше и во 2009 година, поткрепувајќи го со оставените докази од работата на Менгеле, по неговото бегство од Германија.
Без разлика дали ќе ви стане навика да се сомневате во официјалните приказни, доказите за заминувањето на Хитлер од Германија од година во година се множат.
Како што биографите, истражувачите, научниците, историчарите сите заедно ги сложуваат доказите во поткрепена литература, самоубиството на Хитлер се повеќе се претвора во една од најлажните приказни, создадена да ја утеши јавноста, и да ја покрие неетичката и незгодна вистина.Официјално се тврди дека Хитлер е застрелан во главата, а Ева Браун испила цијанид во бункерот на 30 април 1945 година, кога Алијансата конечно ги

Пронајдете не на следниве мрежи: