Сигурно сте се сретнале со “Captcha-ma”, односно поле во кое е потребно да ги внесете понудените зборови се со цел сајтот на кој се пријавувате да препонае дека сте човек, а не робот. Меѓутоа, на куцањето на неповрзани зборови му дојде крајот.Едно од најчестите прашања на интернет е “Дали сте робот?”, на кое следува текстуално поле каде што треба да внесете неколку неповрзани зборови кои се понудени се со цел да докажете дека сте човек. Ова популарно се нарекува “Captcha”.
Меѓутоа, интернет гигантот “Google” најави побрза и побезбедна форма на “Captcha”, која ќе се нарекува “No CAPTCHA reCAPTCHA”. Новата технологија лесно и брзо ќе утврди дали корисникот е човек, а се што бара од него е едноставно да го штиклира полето наместо да куца зборови кои обично немале никаква смисла.
Во случај новата “Captcha” да не може да утврди дали корисникот е човек, ќе се појави стара верзија која ќе бара да се внесат понудени зборови. Новата “Captcha” ќе функционира и на мобилните уреди, каде што наместо внесување на зборови ќе се појават фотографии, а како подетално ќе изгледа тоа, можете да погледнете во видеото во продолжение.
“Google” новата технологија ја креираше после тоа што утврди дека стариот “Captcha” систем би можел да биде решен од вештачката интелигенција со прецизност од дури 99.8%.12/5/2014 “Google” наместо вас ја реши најдосадната работа на интернет! Засега, неколку сајтови го прифатија “No Captcha reCAPTCHA” системот, помеѓу кои се “Snapchat”, “WordPress” и “Humble Bundle”, и засега функционираат како што треба.
Погледнете го видеото:
Едно од најчестите прашања на интернет е “Дали сте робот?”, на кое следува текстуално поле каде што треба да внесете неколку неповрзани



