Координација на Груевски со министрите и градоначалниците за реализација на мега проектот „Купи куќа за млади“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одржа работен состанок на кој ќе се разгледува спроведувањето на проектот Купи куќа за млади. 
На состанокот присуствуваа најголем дел од градоначалници од општините низ Македонија, како и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, министерот за финансии Зоран Ставрески, директорот на АМС Марјан Спасески.
Овој мега проект, како што подвлече Груевски е директно поврзан со општините и поради тоа е потребна координација, акциски план како и операционализација на чекорите кои следат.
-Овој закон беше експресно изгласан во Парламентот и пред повеќе од една недела е стапен на сила и како и секогаш ние како партија и коалиција не треба да се задоволиме само со тоа што сме го добиле законот, туку и со остварувањето на терен, односно со давањето на можност на младите луѓе до 35 години, кои ги исполнуваат условите согласно законот и сакаат да го направат тој чекор да им биде овозможено, подвлече Груевски.
Тој посочи дека проектот нуди низа можности и оти тој овозможува не само младите кои немаат сопствен дом да го решат станбеното прашање, туку оти им помага и на оние кои имаат помал стан или куќа да дојдат до поголем дом.
– Може младите кои имаат помал стан, а сакаат да го продадат и да изградат поголема куќа, да земат поволен кредит каков што се нуди со голем грант елемент. Млади кои имаат стан од 45 квадрати, а сакаат куќа од 100 квадрати, може да го продадат и да земат кредит со сите добри услови што се нудат, и да направат куќа од 100 до 120 квадрати. Исто така може да имаат куќа и да земат кредит за надградба или доградба на куќата, а може да имаат и мала куќа и да ја продадат и со кредит за да изградат поголема куќа, појасни Груевски.
Ефикасната операционализација е целта на состанокот, при што треба да се конкретизираат акциски планови, буџети, како и со носители на активности.
Поради големата заинтересираност за овој проект, потребна е координација, помеѓу централната и локалната власт, како и брзо дејствување за да може што поголем број на млади до 35 години да ги искористат можностите на проектот.
-Ние како парија и коалиција Секогаш сме предничеле во делот на исполнувањето а она што е ветено, или она што е можност за граѓаните. Овој закон можност за граѓаните и оние кои ги исполнуваат условите ќе сакаат да го искористат. Ние како политичка партија и како коалиција треба да бидеме секогаш не само чекор туку 100 чекори пред останатите. И затоа сме тука да се договориме како да го направиме тоа. Да бидеме брзи и ефикасни. А секако услугите кои што ќе ги дава Владата ќе важат за сите,  подвлече Груевски.
Груевски од градоначалниците побара денеска да бидат истакнати сите предизвици и отворени прашања, а на крајот од состанокот треба да се конципираат рокови за обезбедување на локации за градба.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески подвлече дека ова е одличен проект кој кај граѓаните побудил особен интерес, со оглед на тоа што се решава едно од најзначајните прашања, за младите.
-Проектот е извонредно добро дизајниран бидејќи овозможува флексибилност во насока на помош, било во делот на плаќање на ратата или во стекнување на средства за добивање на кредит. Дизајниран е на база на контакти со младите луѓе и од тој аспект нема сомнеж дека одговара на нивните потреби, подвлече Ставрески.
Инаку во Министерството за финансии има отворено канцеларија каде што граѓаните можат да се информираат за околностите  и условите за аплицирање за проектот „Купи куќа за млади до 35 години. Но и организиран е караван кој ќе ги посетува општините за да можат граѓаните да се запознаат подетално со овој проект.
-За да не се остане само на караванот и на едно дневно присуство во градовите, разговаравме со директорот на УИПР и УЈП  за во сите градови каде што има подрачни единици на УИПР и УЈП да се отвори постојана канцеларија, каде што вработени од институциите ќе им даваат информации на граѓаните, подвлече Ставрески.
Изработката на урбанистичките планови ќе бидат едни од најголемите предизвици, подвлече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
-Затоа ние како Министерство распишавме јавен повик кој ќе трае до 01.02.2016 година а ако има потреба ќе го пролонгираме, а ќе биде отворен за сите општини да поднесат барање  ние да им изработиме директно пое ден план за типски населби. Ова важи за сите општини кои треба да достават барање за нас а ние како Министерство ќе им изработиме планови во координација со нив  и сето тоа ќе биде на наш трошок, подвлече Мисајловски.
Освен ова, Мисајловски подвлече дека ќе се обиде да направи пренамена на оваа ставка во Буџетот, бидејќи има средства.
-Друг предизвик се селата а кои немаат урбанистичка документација, да направиме 100 општи акти за селата. Тире од прилика се 200-300-500-800 евра. Ние можеме овде да помогнеме, но со овој повик не можеме. Но ќе направиме наш тендер и ние ќе ги направиме и ние ќе ги финансираме и заедно во координација со општините ќе направиме најамлку 100 локации  за типски населби, подвлече Мисајловски.
Исто така, пред неколку месеци, Владата излезе со проект за типски куќи. Станува збор за 6 видови на типски куќи, кои можат да се симнат од веб страната на Министерството за финансии.
Мисајловски подвлече дека до сега од веб страната биле превземени 9.000 типски куќи.
Потребно е да се најде модел во законот за градење, секој да може да добие висина 10-20, приземје, два ката плус поткровје, заклучи денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
-И тоа да важи за сите по сила на закон. Да не чека некој граѓанин да се смени деталниот урбанистички план, туку веднаш во законот за градење да стои како алтернатива, подвлече Мисајловски.
Параметри за А1 домување се 20-10 метри, а со ова, додаде Мисајловски, ќе се даде стимул.
-Тоа значи дека сите градоначалници ќе добијат дополнителни комуналии. Јас зборував со засегнатите страни, ова е предлог. Ние со ова нема да ги рушиме стандардите и нормативите, бидејќи секој оној кој има куќа и изгради на пример еден кат, таа висина ја дава во ДУП-от. Сопственикот треба да чека нов ДУП за да побара да се зголеми висината, подвлече Мисајловски.
Груевски се согласи дека тоа е добра идеја.
-Ова е добра идеја, треба да се најде соодветен правен начин за да се реализира. Со ова ќе се растеретат градоначалниците со менување на многу ДУП-ови, работите ќе одат побрзо, граѓаните ќе бидат задоволни затоа што нема да има бирократски процедури. Ќе има повеќе комуналии за општините и ова ми личи на win-win ситуација, заклучи Груевски.
Во законот, даде предлог Мисајловски, да биде пропишана и контрола, како и увид на лице место и да се бара надѕорот да го потпише проектот за да се има сигурност со статиката.
-Да направиме еден концепт заедно со ЗЕЛС и да го предложиме и ако е добар, потоа да видиме и да го предложиме како закон, заклучи Мисајловски.
Граѓаните, подвлече Мисајловски, многу често доаѓаат во министерството и бараат комуналиите да бидат трета мерка од законот.
-Ако првата е самото учество што го субвенционираме, втората е субвенции на ратата, а третата мерка да била ние како држава да ги плаќаме комуналиите за одобрение за градба, подвлече Мисајловски.
  
На состанокот присуствуваа најголем дел од градоначалници од општините низ Македонија, како и министерот за транспорт и врски Владо

Пронајдете не на следниве мрежи: