КОРИСЕН ТРИК: Како да испеглате облека со помош на КОЦКА МРАЗ

Одлично испегланата облека ни носи на нашиот надворешен изглед, извесна доза на респектабилност. Но секојдневното пеглање одзема доста време. Излезе дека постои многу едноставен начин за пеглање на облеката или барем исчезнување на оние ситни несовршености кои понекогаш е тешко да се испеглаат.Кога вашето парче облека е малку згужвано, не треба веднаш да ја вадите даската за пеглање. Оваа жена ви препорачува изненадувачки едноставно решение за брзо исправување на згужваната облека.
Еве како се прави тоа:
– Ставете ја чистата облека, спремна за пеглање во машина за сушење на облека
– Во неа ставете 3 коцки мраз
– Одберете опција сушење и оставете ја машината да работи 15 минути.
– После тоа, кога ќе ја извадите облеката, таа ќе изгледа како да е испеглана со пегла.
– Пареата од топењето на ледот, брзо и лесно ќе ја испегла облеката.

Ако немате машина за сушење на облека, користете мешавина од вода и алкохолен оцет.
Оцетот одлично ги омекнува ткаенините. Мешавината од вода и оцет во еднаква количина, без проблем ја израмнува било која ткаенина.

Направиете мешавина (1:1), истурете ја во распрснувач. Земете ја згужваната облека, и полека и рамномерно со подготвената мешавина испрскајте ја.
Некое време парчето облека ќе биде влажно, но кога ќе се исуши ќе добие свеж изглед,а што е најважно облеката ќе биде без нерамнини. Кога вашето парче облека е малку згужвано, не треба веднаш да ја вадите даската за пеглање. Оваа жена ви препорачува изненадувачки едноставно решен

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.