Кошаркарите на Цибона, во извонредно драматичен меч, го освоија хрватскиот Куп, откако по продолжението, со кошот на Ницевиќ во последната секунда ја совладаа Цедевита со 77:76.Но финалниот меч имал уште едно „полувреме“, имено, додека играчите на Цибона ја прославувале победата, а нивните колеги од Цедевита се упатувале кон соблекувалната, играчот на овој тим и хрватски репрезентативец, Марко Томас, тргнал да се пресмета со еден навивач.Како што пренесува „Index.hr“, навивачот навредите кон Томас започнал да испраќа на полуфиналниот меч, а продолжи истиот да го прави и во финалето. Кога играчот на Цедевита стигнал до трибината каде се наоѓал навивачот, едноставно го нокаутирал, кој од силниот удар паднал и ја повредил главата.Навивачот кој побарал помош во Итната медицинска помош, најавил дека ќе го тужи Томас.
МакфаксКошаркарите на Цибона, во извонредно драматичен меч, го освоија хрватскиот Куп, откако по продолжението, со кошот на Ницевиќ во последната се