Кошаркарскиот судија Милојевиќ со колегите избегнал линч во Задар

Кошаркарите на Задар, во саботата навечер, загубија од Широки со 76:81, а навивачите за поразот ги обвинија судиите.
Уште за време на натпреварот, симпатизерите на Задар направиле неколку инциденти на трибините, а по мечот, за 13-от пораз на Задар, вината ја префрлиле врз судиската тројка – македонскиот судија Александар Милојевиќ и српските арбитри Александар Глишиќ и Милија Војиновиќ.
Милојевиќ и колегите уште на полувремето неколку пати го прекинувале натпреварот поради однесувањето на навивачите, а еден од нив бил исфрлен од салата.На крајот од натпреварот, навивачите сакале да се пресметаат со судиите, но обезбедувањето и раководството на Задар, спречиле тие да стигнат до нив и да се случи инцидент од поголеми размери.
 
МакфаксКошаркарите на Задар, во саботата навечер, загубија од Широки со 76:81, а навивачите за поразот ги обвинија судиите.

Пронајдете не на следниве мрежи: