Европската комисија донесе одлука да го укине ромингот во ЕУ со што се става крај на високите трошоци на корисниците за роамингот. Роамингот се укинува во Унгарија од 1-ви јули 2014-та година каде што ќе бидат забранети посебните надоместоци за роаминг, но само за дојдовните повици, додека останатите надоместоци за роаминг ( и во појдовните и во дојдовните повици, како и во преносот на податоци) постепено ќе бидат укинати до 2016 година.
Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо порачал дека од витално значење е да постои „единствен пазар“ во секторот на комуникациите за да не биде ЕУ зад другите региони во светот.
Правилото кое веќе го доби популарното име “roam like at home” или “роаминг како дома” ќе важи на територијата на цела ЕУ.
Телеоператорите ќе мораат да одберат една од двете можности: или на корисниците ќе им понудат претплатнички тарифи кои се исти во цела Унија, или ќе им дозволат на своите корисници за услугите на роаминг да одберат друг телеоператор кој има поевтина тарифа и при тоа корисниците нема да мораат да купуваат нова СИМ картица. Роамингот се укинува во Унгарија од 1-ви јули 2014-та година каде што ќе бидат забранети посебните надоместоци за роаминг, но само за дојдовни