КРАЈ НА СВЕТОТ ВО МОСКВА: Снежно невреме какво не се памети, Руси умираат по улица!

“Луѓе, запаметете го овој историски ден. Тоа е прв пат оцената десет да биде забележана толку рано на почетокот на зимата и да трае толку долго, веќе седум часа. Ситуацијата ќе биде уште полоша”, напишала на Фејсбук портпаролката на “Јендекс”, Елина Ставискаја.Во Москва денес, поради снежното невреме, кое за многу кратко време донело дури 25 сантиметри снег, речиси целосно е парализиран патниот сообраќај, а полицијата регистрира по 500 сообраќајни несреќи на еден час, наведуваат руските медиуми.
Најдолгата колона автомобили се протега во должина од дури 60 километри, соопштила службата за следење на сообраќајот – “Јандекс”, а пренесува Russia Today.
“Јандекс”, која рангира сообраќајни метежи на скала од еден до десет, на денешниот хаос во Москва му ја доделила највисоката оценка.

“Луѓе, запаметете го овој историски ден. Тоа е прв пат оцената десет да биде забележана толку рано на почетокот на зимата и да трае толку долго, веќе седум часа. Ситуацијата ќе биде уште полоша”, напишала на Фејсбук портпаролката на “Јендекс”, Елина Ставискаја.
ПРОКЛЕТ 26-ТИ ДЕКЕМВРИ: Еве зошто денес е најопасниот ден во светот!
На московските улици излегле повеќе од 11.000 специјализирани машини за чистење на снег, кои имаат проблем да се справат со толку големи количини за толку кратко време. Ситуацијата дополнително се влошила во попладневните часови, кога поголем број на граѓани тргнале на работа.

 
Катастрофалните временски услови и малата видливост предизвикуваат голем број судари во руската престолнина, па така во 17 часот по локално време вчера, полицијата пријавила дека за само еден час биле забележани дури 500 судири, вклучувајќи и 45 потешки сообраќајни несреќи.
Луѓето кои го користат градскиот сообраќај се советуваат да пешачат, а во многу случаи речиси е невозможно да се дојде со автобус до метро станицата.
Снежното невреме го погодило и авио-сообраќајот во Москва, па биле откажани 20 летови, а речиси 200 летови доцнеле. Некои од патниците на социјалните мрежи напишале дека веќе еден час се заглавени во авионите кои не полетуваат поради снегот на пистата.
Градските власти ветиле дека на расчистување на снегот ќе работат 24 часа и дека снегот ќе биде отстранет за најкраток можен период.
За разлика од некои западноевропски престолнини, снежните невремиња во Москва никогаш не влијаат на функционирањето на јавниот превоз.
 Во Москва денес, поради снежното невреме, кое за многу кратко време донело дури 25 сантиметри снег, речиси целосно е парализиран патниот сообраќај,

Пронајдете не на следниве мрежи: