Крај за Антиќ по Европското првенство во Словенија

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ, пво разговор за официјалниот сајт на ФИБА поотврди дека со натпреварите на ова Европско првенство во Словенија тој стави крај на неговите настапи во дресот на Македонија. „Одигравме лошо на овој турнир, но мислам дека оној прв натпревар со Црна Гора влијаеше многу врз нашата психа во остатокот од настапот на ова ЕП. Со таа победа многу нешта ќе беа поинакви. По тој пораз се обидовме да се бориме, но игравме против навистина силни противници. По она четврто место во Литванија пред две години сите знаат кои сте и сите сакаат да ве победат.
Дали ова е крај? За мене секако дека е. Не можам да зборувам во името на моите соиграчи, но за мене ова беше последен настап за репрезентацијата. Би сакал овој тим да биде запаметен по својата блискост, како тим на најдобри другари кои играа заедно. Игравме долги години за Македонија, постигнавме и докажавме многу работи успевајќи од Б дивизијата да стигнеме до четвртото место во Европа. Тоа не е мала работа за нас. Секако, ова треба да биде и мотив за новите момци да отидат еден чекор подалеку.
Мислам дека тие научија доста со оглед на тоа дека беа со нас изминативе неколку години. Знаат како функционира овој тим и се надевам дека ќе продолжат на ист начин да ги бранат боите на Македонија“ – изјави Антиќ, кој додаде и дека му е криво што на ваков начин ја завршува репрезентативната кариера.ж
По него за очекување е официјален крај на своите репрезентативни кариери да стават и Гечевски, Илиевски и Чековски.„Одигравме лошо на овој турнир, но мислам дека оној прв натпревар со Црна Гора влијаеше многу врз нашата психа во остатокот од настапот на ов

Пронајдете не на следниве мрежи: