Предводени од Федералните резерви, Централните банки во 2008 година успеле да го спасат глобалниот финансиски систем. Седум години и неколку трилиони долари подоцна, тие повеќе немаат никакво решение, а дури и би можеле да претставуваат голем ризик за глобалната економија.Извештајот на Групата 30, меѓународното тело кое го води поранешниот шеф на Европската централна банка Жан-Клод Трише, предупреди во саботата дека нултата каматна стапка и печатењето пари не се доволни за да заживее економскиот раст и дека тоа се само привремени мерки.
„Централните банки купуваат време за да можат светските влади да го решат проблемот. Но, времето тече, а купувањето обврзници мора да се наплати“ – се наведува во извештајот.
Федералните резерви во САД престанале да купуваат обврзници во 2014 година и се очекувало дека ќе ги покачат каматните стапки од нулата во почетокот на јуни 2015 година. Меѓутоа, малку е веројатно дека такво нешто ќе се случи.
Банката на Англија исто така одолговлекува, додека Европската централна банка бара начин да примени нова тура на квантитативни олеснувања, исто како и Банката на Јапонија која е заглавена во одреден облик на квантитативно олеснување уште од 2001 година.
За времетраењето на стимулацијата на економскиот раст, протокот на лесни пари ги напумпа цените на средствата како што се акциите и цената на становите во голем број држави. Напредните економии итаат во пропаст и тешки долгови, наведе Групата 30.
Федералните резерви наведоа дека ако дојде до покачување на каматната стапка, тоа ќе го сторат постепено за да не дојде до гушење на економското закрепнување на САД. Меѓутоа, еден од регионалните претседатели на Федералните резерви, предвидува негативни каматни стапки во 2016 година.
На полугодишниот состанок на ММФ неделава, многу политичари претставија релативно оптимистични предвидувања за светската економија, наведувајќи дека ризиците се држат под контрола. Меѓутоа, Групата 30 предупреди дека падот на вредноста на робата од 40% укажува на послаб раст и „дефлација на долгот“.
„Губитоците на капиталот би погодиле многу инвеститори, вклучувајќи ги и банките, а процесот на продолжување и одложување на кредитите мора да се прекине“ – се наведува во извештајот на Групата 30.
„Со оглед на несигурноста, банкротот е неизбежен“ – наведе Групата 30.Извештајот на Групата 30, меѓународното тело кое го води поранешниот шеф на Европската централна банка Жан-Клод Трише, предупреди во саботата дека