Кралица на тортите: Рафаело торта подобра од останатите…

Со овој рецепт нема да погрешите…Состојки:
За бисквит:
7 белки
150 г шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесичка прашок за пециво
70 г пченично остро брашно
150 г кокосово брашно
За крем:
7 жолчки
2 лажици ванилин пудинг
700 мл млеко
100 г путер
100 г шеќер во прав
500 мл слатка павлака
Уште потребно:
12 парчиња бисквити
100 мл млеко
2-3 лажици рум
За наросување:
50 г кокосово брашно
Подготовка:
За бисквит:
Белките изматете ги во шлаг и постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер додека мешате.
Прашокот за пециво помешајте го со брашното па додадете ги белките, а потоа вмешајте го кокосовото брашно.
Смесата ставете ја во калап кој сте го обложиле со хартија за печење. Печете во рерна загреана на 170 степени, околу 15-20 минути.
Бисквитот изладете го и ставете го на чинија, така што горната страна ќе ја свртите надолу. Навлажнете со малку млеко.
За крем:
Жолчките измешајте ги со пудингот и 200 мл млеко.
Преостанатото млеко ставете да се вари и кога ќе зоврие вмешајте ја подготвената смеса. Мешајте додека згусне и тргнете од оган да се олади.
Маргаринот и шеќерот изматете ги со миксер и вмешајте во ладната смеса.
Слатката павлака изматете ја во шлаг и вмешајте ја во кремот.
На бисквитот ставете половина од кремот, потоа наредете бисквити потопени во смесата од млеко и рум.прелијте го остатокот од кремот. Тортата наросете ја со кокосово брашно.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
За бисквит:
7 белки
150 г шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесич

Пронајдете не на следниве мрежи: