Наскоро ќе наполни 92 години, а благодарение на здравите навики кралицата Елизабета Втора и понатаму изгледа одлично!За нејзината долговечност се заслужни (очигледно) добрите гени, но и внимателно бираната храна која ја консумира секој ден.
Кралицата го започнува денот со чај
Чајот го консумира без млеко и шеќер и со него задолжително јаде неколку кекси. Потоа, појадува житарици и вода. Понекогаш се одлучува за тост и мармалад, а некогаш појадува кајгана со чаден лосос и тартуфи.В
Правила на кралицата
• Чај со кекси пред појадокот
• Појадок со житарици или тост
• Чаша џин пред ручекот
• Намирници богати со скроб – НЕ
• Попладневен чај и сендвич
• Бифтек за вечера
• Чаша шампањ по вечерата
• Десерт од чоколадо
Пред ручекот, кралицата ужива во џин и “Dubonnet” (аперитив базиран на слатко вино) со кришка лимон и многу мраз. За ручек јаде едноставни оброци, како риба со зеленчук – најчесто спанаќ или тиквички. Исто така, сака пилешко на скара и салата.
Таа се држи до правилото да не консумира ништо што содржи скроб така што на нејзиното мени никогаш нема да најдете компир, ориз или тестенини. Секој ден ужива да го пие и својот попладневен чај. Со чајот јаде сендвич со краставица, чаден лосос, јајца и мајонез или сендвич со шунка и сенф.
Вечера говедски филети или месо од фазан. Месото ѝ го послужуваат со сос од печурки, павлака за готвење и виски.
За десерт сака да јаде јагоди или слатки бели праски. Кралицата исто така обожува чоколада, а денот задолжително го завршува со една чаша шампањ.
За нејзината долговечност се заслужни (очигледно) добрите гени, но и внимателно бираната храна која ја консумира секој ден.



