Дерек Лов имал прилика да ужива во еден лет во Ауирбус 1380-најлусксузната кабина на светот која нуди посебен третман од самото влегување во аеродромот.
Покрај јастогот, големиот брачен кревет, скапите дизајнерски ситници, оваа кабина наликува на дел од некој луксузен хотел со пет ѕвездички.
Дерек Лов на својот блог го документирал целото патување со приватниот апартман на Аирбус А380- со Сингапур Ерлајнс.
Патувањето го чинело 18.322 евра!
Целото патување почнува во приватната соба, чекалницата за одбраните во која има рачно направени кожни фотелји . На аеродромот имал и својот носач на багажот.
Дури и багажот имал поразличен третман односно не морал да помине низ мерење.
Додека го чекал летот уживал во шампањ и луксузни јадења, а патниците имале и приватен мост за влегување во авионот и посебна придружба.
Но, уште поголемиот спектакл започнува во авионот каде патникот го дочекало чаша Дом Перигњон.
Секоја кабина во луксузниот Аибус !380 имала приватно лукзусно просторче во кое патниците можеле да се изолираат.Во него имало кревет, телевизор, ормар но и кожна фотеља.
Лов кажува дека стјуардесите за текот на целиот лет доаѓале и го прашувале дали нешто му треба а најголемиот проблем бил по слетувањето бидејќи не сакал да го напушти авионот.
Апартманите на Сингапур Ерлајнс неодамна на Flightfox.com се прогласени за најдобри кабини од прва класа. Покрај јастогот, големиот брачен кревет, скапите дизајнерски ситници, оваа кабина наликува на дел од некој луксузен хотел со пет ѕвездички.



